Home Антропологија Кокино, мегалитските глупости и непостоечките култури – Дел 4

Кокино, мегалитските глупости и непостоечките култури – Дел 4

13,697 views
9

Појаснување ЧЕТВРTО

Зошто науката има потреба од Геоархеологија

Daily it is forced home on the mind of the geologist that nothing,
not even the wind that blows,
is so unstable as the level of the crust of this earth.
—Charles Darwin, naturalist

Геологијата е важен аспект во човечкото минато. Археолошките истражувања кои се однесуваат на геологијата и географијата како науки за земјата се нарекува геоархеологија. Геоархеолозите работат со археолозите за да ги истражат геолошките аспекти на археолошките записи. Бидејќи археологијата е на и во земјата, геолошкиот контекст на археолошките наоди е од големо значење. Како дополнение, многу од суровините кои се користеле во минатото се од геолошки депозити на камен, глина, метални руди и овие извори може да бидат проучувани од перспектива на геоархеологијата.

Заедничкото тло во полето на геоархеологијата се пронаоѓа во апликација на геолошките методи во решавањето на археолошките прашања. Разбирањето на пејсажот и седиментите во кој се најдени археолошките материјали е есеснцијалниот дел за објаснување на човечкото однесување во минатото. Геологијата има спектар на методи и теории за формацијата на земјата кои се корисни во археологијата. Геоморфологијата е гранка на геологијата која конкретно се занимава со карактеристиките пронајдени на површината на земјата и процесите кои ги создаваат нив. Промените во пејсажот со текот на времето имаат значителни ефекти на човечкиот живот и мора да бидат документирани

Геоархеологијата се занимава со регионалните (пејсаж) и/или локални (место) степени на анализи. Многу гранки на геологијата се вклучени во геоархеологијата, на пример геоморфологијата (облици на земјата), глациологија (глацијација), хидрологија (водени површини), педологија (почви), петрологија (минерали), и седиментологија (седименти).

Драматичниот аспект на геоархеологијата го вклучува и проучувањето на природните катастрофи во минатото и нивното влијание на човечките животи. Бројни настани, како вулкански ерупции, полави и земјотреси ги уништувале човековите живеалишта во минатото, како и денес. Некои од овие настани биле од големи размери, погодиле големи заедници и доста големи региони. Во добро познатите примери се вклучуваат и ерупциите на Везув и Тера, кои избришале огромни градови и убиле илјадници луѓе. Некогаш вулканите уништуваат локалитети, но некогаш и ги создаваат како што е тоа случај со археолошкиот локалитет Кокино.

Кокино – природна геолошка формација

Тезата на астрономот Ценев дека луѓето се тие кои го направиле Кокино е сосема недоржлива од аспект на „степенот на вистинитоста на една постапка” која е темел на науката. Зошто нешто да направите, претходно не бе требало да постои во природата, а според геолошките истражувања на Недељко Ѓорѓевиќ – м-р и дилп. инж на геолошки науки, Кокино како локација се наоѓа на истото местото уште од доцниот плиоцен, додека карпите и престолите не се ништо друго туку зацврсната лава во каналот на еден помал вулкан.

Со сигурност може да се претпостави дека се работи за најмладата фаза на вулканската активност, со доцноплиоценска старост. Околу основниот отвор со овален, елиптично-хоризонтален пресек и размери 200х80 метри, во непосредна близина се регистрирани уште два мали (североисточно и југоисточно), послабо изразени, секундарни кратери, како резултат на паразитското излевање на лавата.

Во оваа фаза од вулканската активност излиената лава е со андензитски карактер, со јасно изразенo столбесто (призматично) лачење, предодреденo со сингенетски контракциони пукнатини и прслини, со вертикални и субвертикални агли.

Ѓорѓевиќ Н., 2003, 275.

Геоморфологија на Кокино е прилично добро елаборирана во вториот број на списанието Пирајхме, издание на Кумановскио музеј, од страна на геологот Ѓорѓевиќ кој објасува за вулканското потекло на овој локалитет. Со едноставни зборови, Татиќев камен е кратер од дамнешна вулканска купа и таму е се природно, вклучително со престолите и платформата на кои не се забележуваат траги од допoлнителни активности (делкање, полирање и сл..).

Во рамките на разгледувањето на овој проблем треба да се потенцира дека и самиот “престол” и платформата пред него се со природна предиспозиција на системски пукнатини и прслини со елементи на пад од 240/88, 165/90 и 105/5. Со овие пукнатини се ограничени скоро идеалните коцкаски блокови, кои луѓето релативно лесно можеле да ти тргнат и да оформат четири седишта со наслони, во низ еден покрај друг, свртени кон исток. Пред нив на идентичен начин е оформена платформата во две до три скоро хоризонтални нивоа, наменети за слушатели и гледачи.

Ѓорѓевиќ Н., 2003, 277.

Заклучок

Пукнатинските предиспозиции на “престолите”, на платформата, како и столбестото излачување на андензит не остваат простор да се направи претпоставка дека вулканската структура на археолошкиот локалитет Кокино е вештачка и дополнително обликувана од човекот. На овој начин се отфрла и веќе установената и прифатена терминологија за мегалитскиот карактер на ова наоѓалиште, бидејќи ниту на него, ниту во околината има траги од претпоставената мегалитска архитектура.

Што се однесува до реперите кои се предочени како база за археоастрономскиот карактер на оваа локација, треба дополнително да се утврди од страна на најмалку барем две светски научни независни институции дали се овие тврдења основани и со научна методологија да се прифатат или отфрлат како такви.

Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа треба да бидеме крајно внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази. Според Леонардо да Винчи

We know more about the movement of celestial bodies
than about the soil underfoot.
—Leonardo da Vinci,

Продолжува

Литература:

D. Srejović (ed.), Arheologija i prirodne nauke, SANU 1992. (поглавјето од D. Nikolić i V. Dimitrijević)

G. Coles, Principles, methods and techniques of Environmental archaeology; The Environmental Archaeology

K. W. Butzer, Archaeology as Human Ecology, Cambridge University Press, Cambridge 1987.

Price T. Douglas, Principles Of Archaeology / With Powerweb, Mcgraw-Hill Education – Europe (United States), 2006, 245-267.

P. Stevanović, M. Marović,V. Dimitrijević, Geologija kvartara, Naučna knjiga, Beograd. 1992, 1-133, 138-147.

Ѓорѓевиќ Н., 2003, Геолошко рекогносцирање терена на археолошком локалитетима у околини Куманова током 2002 године, Пирајхме 2, Народен Музеј – Куманово, Куманово 2003, 263-280.

9 COMMENTS

  1. http://sunearthday.gsfc.nasa.gov/2005/images/ao_poster.pdf

    Страна 2 и 3:
    Ancient Observatory Sites
    1) Abu Simbel, Egypt… Прочитај повеќе
    2) Stonehenge, Great Britain
    3) Angkor Wat, Cambodia
    4) KOKINO Observatory, Macedonia
    5) Goeck, Germany
    6) Big Horn Medicine Wheel, Mont.
    7) Chaco Canyon, New Mexico
    8) Chichen Itza, Mexico
    9) Machu Picchu, Peru
    10) Hovenweep Castle, Utah
    11) New Grange, Ireland
    12) Templo Major, Mexico
    13) Armenian Stonehenge, Aremenia
    14) Luoyang Observatory, China
    15) Masuda Iwafune, Chi

  2. За да не биде погрешно разбран текстот, оти луѓето во Македонија вообичаено веруваат во тоа што сакаат да го слушнат и видат.

    Не велам дека Кокино не е опсерваторија, ни дека наоколу карпите не се подоцна дополнително обликувани од човекот да се направат репери. Не обезвреднувам ничија работа, ниту се мешам во археоастрономијата. Но … Велам дека тие резултати треба да се публикуваат и најмалку уште 2-3 пати да се ревидираат, поточно потврдат од независни институции.

    Во текстот говорам за начинот на кој е настанат локалитетот, дека геологијата вели оти локацијата на која е поставено Кокино, е природен процес. Кој не сака да верува, нека повели да ги прочита научните трудови на таа тема.

  3. Димитар, и тој линк е без референци. Фактички, с`е што ќе најдеш на веб се референцира едно со друго.

    Василка, стави на Википедија дека статијата нема референци, можеби некој ќе се потруди да најде. Вака никој ништо нема да помрдне…

  4. Потпис под последниот коментар. И да загатнам една друга нишка на муабетот… Тешко е, можеби и невозможно да се докаже најегзактно дека еден локалитет е археоастрономска опсерваторија, ако зборуваме од астрономскиот аспект. Буквално треба да знаеме каако мислеле тие луѓе кои таму живееле, а тоа е проклето тешко. Од тој аспект гледано, На Кокино се пронајдени археолошки артефакти и тоа е вреден археолошки локалитет. Треба да се продолжи со ископувања и да се заштити.

    Од астрономски аспект, направени се мерења кои колку што ми е мене познато се сосема коректно извршени, и од страна на Ѓоре Ценев и од страна на астрономи од Република Бугарија. Резултатите од овие мерења кога астрономски ќе се обработат, даваат визури кон определени небесни тела кои се СОВПАЃААТ со нивната позоцоја на небото кога ќе се земе во предвид временскиот период кој поминал од времето кога Кокино било активно место па се до денес. Но, ние не можеме СО СИГУРНОСТ од тие податоци да изведеме заклучок дека тиое луѓе НАВИСТИНА ги користеле тие визури за астрономија, календар, итн. Сосема е можно таму да се изведувале религиозни обреди, и да имало гледање на небото, но нема доказ дека се правеле систематски набљудувања за подготовка на календар на пример.

    Што не значи дека не е можно да имало такви набљудувања, само значи дека треба уште многу работа да се вложи, и да не се даваат избрзани изјави за постоење на култури итн. Радоста во истражувањето на Кокино е токму самото истражување. Мора да сме подготвени и на тоа дека можеби никогаш нема да имаме непобитен доказ. Но, што ако? Тоа е пораз само ако сакаме конечни судови, ако сакаме брзи резултати или „продавање“ на приказна за Кокино. Ако пристапиме со научна објективност, нема проблем. Единствениот проблем е ако ги внесеме нашите модерни судови и во Кокино откриеме она што сакаме да го видиме. Кокино е огледало на самите нас.

  5. Фала за убавите текстови. И одличен е коментарот на Александар.
    Морам како астроном-аматер да забележам дека не се направени астрономски мерења, туку геодетски мерења кои се протолкувaa со помош на астрономските познавања (привидните положби на Сонцето и Месечината во епохата која се обработува). Мерењата се направени во обратна насока што мислам дека е погрешно. Обратна насока = претпоставено е дека ова е опсерваторија и дека има нишани поврзани со култот на Сонцето, Месечината и/или Венера. Задачата им била да се пронајдат тие нишани. И кој бил на Кокино сигурно ги пронашол, јас барем пронајдов десетици, а моите колеги севкупно едно илјада. Во што е финтата?
    Пример, се знае дека Сонцето на денот на летниот солстициј или летна долгоденица, од таа локација изгрева од една точка и со видиковата линија се сече точно во една точка (одредени му се азимутот А и висоната h за време t во епоха Е)
    Тогаш се пронаоѓа нишан – линија од престол до нишан и точно на тој датум се гледало Сонцето. Геоморфологијата на Кокино е таква да има безброј линиии и нормално некоја од нив со некоја точност ќе се совпадне со вистинските нишани. Ова не е научен метод.
    Друга работа е повикувањето на НАСА. НАСА не е авторитет за археологија или уште помалку за рангирање на светски познати преистриски опсерватории. Таа карта е единствено нешто што толку многу ги наполни празните духови, зашто само на празни духови им требаат лажни величини.
    Тие големи Македонци кои повикуваат да се фалиме и да се гордееме со нешто што е тотална заблуда, сигурно не знаат кавква е состојбата со единствената постоечка опсерваторија во Македонија. Тие не знаат ни каде се наоѓа, бидејќи не се горди на својата деструктивна моќ. Опсерваторијата на Зајчев рид – од неа постојат само бетонски столбови и расфрени камења.
    Тие, Големи Македонци, не знаат ни за проектот Скопска опсерваторја на Водно (завршен проект од аспект на архитектонска изведба, со финално одобрение, кое го саботираше тогашната власт и изгради Милениумски Крст како симбол на новата стара вера). Да беа властите ориентирани кон вистината, напредокот и поскромни, а не како сега затрескани за публицитет и помпа, Скопјани ќе имаа опсерватрија со телескоп од Казахстан и тоа многу голем 🙂

  6. Поздрав Алек. Благодарам што не потсети сите за современите опсерватории кои што никогаш не станаа реалност во Македонија. Слична приказна има и во Битола. Кога би имале само 1% од публицитетот на Кокино…

  7. Што е со археолошкиот материјал кој е пронајден таму? Целокупниот археолошки материјал е пронајден во обредни структури, неча траги од населба, туку се работи за Света планина. Дури читам дека е пронајден и ѕид кој го обиколувал целиот простор како Света планина. Значи сите елементи се тука за една света планина. Не е ништо невозможно ѕвезди да биле гледани од тука. По мене најголема забуна претставува терминот ’опсерваторија’, па дури и да се додаде ’архео’ секогаш луѓето ги асоцира на некоја супер технологија. Забораваат дека е тоа место од каде што се гледа сонцето или месечината… Заради практични работи. Како и да е, Кокино е Света планина и нема потреба да се началува неговото значење. Огромен археолошки материјал е изваден од таму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here