Дома Археологија Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш

Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш

2,497 views
2

Како и многу пати до сега, фудбалскиот натпревар Македонија-Шпанија решив да го следам од дома, паралено на телевизија и на интернет. Притоа се  одлучив на една идеја која ја имам подолго време. Бидејќи за сега нема многу активни македонци на твитер (барем јас колку што имам увид), решив на полувреме и на крајот од натпреварот да ги соберам најинтересните твитови и да ги постирам на фејсбук. Целта ми беше да ги заинтересирам луѓето од една страна за твитер, а од друга страна да ги видат можностите на дело на една од најмоќните платформи за микроблогирање.

Резултатот од кој подоцна се разви дебата, а делумно беше инспирација и за текстот Македонија-Шпанија во реално време на IT порталот, се состои во моментот да се искористи сопствениот потенцијал во комуникацијата и блогирањето, а притоа да те чуе (прочита) цел свет.

Увидов дека луѓето не прават разлика помеѓу оние што твитаат  и оние кои пишуваат на одредени социјални мрежи како што е фејсбук.  Претпоставувам дека ќе помине сосема малку време кога ќе сфатат дека било каков коментар да се остави на фб тоа никому ништо не му значи, бидејќи не излегува на пребарувачите зошто се работи за платформа со затворен систем на сервери. Со тоа нечие мислење останува запечатено таму, или обратно …. во отсуство на луѓето во останатиот поактивен дел од интернетот, некој порамнува нечие туѓо мислење со тоа што субјективно го твитнал своето. Излегува дека зборовите на фб се џабе потрошени бидејќи освен  пријателите, нeчии коментари или мислење не стигнува никаде, ниту пак е видливо на  некое друго место.

Фејсбук има свои предноста, иако се почесто е тенденциозно употребуван за нарушување на туѓата интима, која рака на срце корисниците сами ја изложуваат пред јавноста. Но моќта на твитер веќе почна да се заканува и на самиот google во поглед на брзината со која се доставуваат, процесираат и апдејтуваат информациите.

Бидејќи претежно ме интересира што во моментов работат светските музеи, институции, археолошки фирми, одредени археолози, некои проекти, или што се случува на терен кај илјадниците археолошки ископувања, помеѓу профилите кои ги следам се и оние на Grand Pre Archaeology, NE Asia Archaeology, ArchaeoBox, Wessex Archaeology, Discovery Channel, Smithsonian Institution, English Heritage, Museum of Natural History and Archaeology (Нoрвешка) и многу други.

Во последно време се почесто почнав да го користам пребарувачот на твитер (twitter) за работи кои се случуваат во realtime (сегашноста). Примерот со натпреварот Македонија-Шпанија е ситница во споредба со резултатите кои може да се добијат за одредени социјални, општествени или политички настани. Се разбира дека човек може многу лесно да се изгуби во толку многу концентрирани информации што му стигнуваат секојдневно, па дури и во моментите додека го пишувам овој пост, или додека вие го читате.

Револуција именувана како твитер стана сериозна закан за медиумите бидејќи го забрза информирањето во светот. Останува избор на корисникот кој од сервисите ќе го користи, но твитер со сите свои придружни сајтови  и сервиси (за апдејти, за слики, видеа итн) е  дефинитивно во предност што побрзо да се слушне нечиј глас, мислење или пак само присуство за постоење. 🙂

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име