Дома Археологија Мојот простор во археологијата

Мојот простор во археологијата

1,662 views
0

Чуден наслов, а? Е па чуден е и нашиот однос со просторот во кои живееме, работиме и го поминуваме својот животен век.

Вообичаено, велам дека треба да пазиме каде газиме, бидејќи газиме врз нашите докази. А доказите се наоѓаат во земјата, т.е. почвата. Но, она кое се наоѓа помеѓу луѓето и археолошките локалитети, не мора нужно да биде земјата. Може да биде и просторот.

Постојано си размислувам како да го разберам токму тој простор. Прилично е тешко зошто индустриски развој толку брзо ја менува земјината површина, што еден ден ќе морам со водич да си ја барам зградата во која живеам.

Но шала на страна. Се потешко е неговото следење, зошто во последните 70 години како последица на тој индустриски развој, површината на светот се сменила веројатно милион пати повеќе отколку за целиот историски развој на човечката цивилизација во последните 10 000 години.

Згора на тоа, постојат два света што ни се познати, а кои во трката да се документира културното наследство во просторот, треба да се обединат. Светот на сликите, со кои се замрзнуваат податоците. И светот на податоците, кои се складирани во компјутерите. За подсветовите можеби во некоја друга прилика.

Во XVIII век Samuel Johnson – англиски писател и лексикограф, рекол дека постојат два вида на знаење. Знаење за нешто и знаење како да се дојде до тоа знаење кое ни е на располагање и истото да се искористи.

Умееме ли овие знаења и светови да ги споиме со помош на блоговите?

Текстот е репринт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име