Home Антропологија The-city-I-love-the-city-I-live

The-city-I-love-the-city-I-live

1,335 views
0

Скопје, град во “можеби” кој е роден императорот Јустинијан I, а Стефан Душан се прогласил за цар. Скопје, бисер во океанот на културните светски богатства. Скопје, град на тивки луѓе со големо срце и монументални споменици кои говорат за едно минато чиj дух се протегал многу подалеку од бедемите на неговото обѕидување. Скопје, град кој ги отворал и ги затварал своите порти на патниците и војниците. Место каде се вкрстиле истокот и западот, северот и југот, коските и војните, крстот и кандилата. Секоја вечер се палеле канделабрите осветлуваќи ги темните сокачиња полни со мистериозни прикаски.

Денеска Скопје е современ град со стотици апстрактни улички, илјадници голи светилки и 750 000 приказни секој ден. Град кој пулсира и евоцира спомени многу повеќе отколку што за него зборуваат знаците на патиштата. И навечер се изгледа познато, а секогаш е различно.

Сум патувала многу по светот, но само еден град има улици за моите зборови. Само еден е градот за кој бесконечно можам да раскажувам приказни. На Скопје му ги имам посеветено веројатно некои од моите најубави написи или имам директно учествувано во создавање на дел од неговата историја преку ископувањата во Тумба Маџари, Давина Кула, Градиште-Таор и Скопското кале. Тоа е до сега мојот археолошки придонес кон културниот идентитет на мојот роден град.

Секој град има свои белези и оние зданија кои биле дел од нечие минато, се наша сегашност. Исто како што објектите од нашата сегашност ќе бидат нечие туѓо минато. Ако не заради друго, треба да ги познаваме и да ги штитиме поради нашата традиција. Зошто во нив додека минуваме, по мал дел од нас вткајуваме. Во нашите прекрасни семантички ,,урбани” артефакти.

Скопје е град каде профаните и сакралните човекови градби опстојуваат и денес во нашата свест. Во Скопје има една Улица на липите, едно Тасино чешмиче кај Државна болница, едно сидро покрај Вардар од левата страна на влезот кон Чаршијата, еден портал на Учителска школа кај Матичното и едни столбови во Градскиот парк кај Фонтаната кои личат на антички, но се средновековни и згора потекнуваат од џамија. Катадневно сите ние поминуваме покрај десетици и стотици архитектонски објекти незнаејќи за нивното потекло, а користејќи ги како репери и ориентири. Но Скопје не е само речното крајбрежје покрај Вардар, туку и тесните планински патеки на Скопска Црна Гора, Водно и Матка. Места исполнети со мир, духовна рамнотежа…прекрасни пејсажи. Заборавени македонски катчиња, тука зад грбот на градот. Блиску, а сепак далеку. Места каде треба да се запре пропаѓањето на културните и природните вредности. Каде под итно се потребни неколку археолошки интервенции и конзервации.

Еден град е живо битие, исто како луѓето. Градот говори, има свој шарм, свои приказни, свои тајни, свои спомени. Има свој дух, а јас се плашам дека мојот град го изгуби својот дух. Според она кое можев да го видам досега, тешко дека оние кои се занимаваат со неговото архитектонски (пре)уредување имаат трунка визија за тоа како би требала да изгледа хармонијата на еден град во спрега со екологијата, хортикултурата, уметноста, културните предели…

Но ова Скопје е и мое Скопје. Имам право како обичен граѓанин и сакам да го искажам својот револт кон сите оние кои му нанесуваат штета пред се на архитектонското урбано јадро. Доста ми е веќе од менување на идентитетите на мојот град кои се толку апстрактни, што се стигнати до совршенство на окултизам. Доста ми е од конфликти на интереси кои се водат зошто некој некому ја скршил тасмата на неговиот принцип. Доста ми е веќе од “јунаци” кои си ги испробуваат фантазиите и чии метафизички дела можам да ги “сварам” само ако ги гледам наопачки. Доста ми е од склуптура и од архитектура која изгледа ко “од шупље у празно”. Ова што му се случува на Скопје е пострашно и од елементарните непогоди во `62 и `63 година. Квазиархитектите и квази уметниците го уништија духот на градот кој ни во 21 век не изгледа како да дошол од тоа време, туку од едно минато кое за среќа никогаш не сме го имале, но може да биде надокнадено со склуптури во архајски стил, еден амфитеатар и уште поспектакуларна Триумфална капија. Уште само тие ни фалат да си ги пополниме дупките во “линеарниот” ток на историјата.

Ма за кој курац бе пишувам јас последните четири години на интернет? А? Имате цела архива од преку 50 – 60 текстови на моите три блога и два сајта да читате колку сакате за идентитетот на еден град. Подолу се поместени линкови само до некои од нив.

Мистериите на древниот град Скупи
Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда)
САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3
Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти
Големите Мајки Богинки – култ или…
Турбето во Алаџa-џамија – Скопје
Семантичка архитектура
Розовиот столб на киното “Култура”
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?
Есенска симфонија во топли бои
Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор
Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје
ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ
Старо Скопје во ново руво – промоција на web site
По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?
Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia
Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа
Метаморфозите на Скопското Кале
Серијал: Аквадуктот во Скопје
Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не?
Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен

И за крај. На постот не се дозволени коментари. Ако сакаш да ми реплицираш тогаш стори го тоа на твојот блог или сајт. Направи услуга и кажи им на сите за ,,идентитетот” … на еден град.