Home Интернет Дигитален архив на македонскиот јазик

Дигитален архив на македонскиот јазик

935 views
0

 

Како дел од жирито за WSA-Македонија наградата со голем интерес ги проследив презентациите кои во организација на Фондацијата Метаморфозис се одржааа на 23 декември во просториите на Стопанска комора на РМ. Одлуката што ја донесе жирито јавно е достапна на официјалниот веб-сајт на Наградата на Светскиот самит за Македонија, вклучително со гласовите за кој сајт сме ги дале.

Еден од проектите кои ми остави впечаток беше Дигиталниот архив на македонскиот јазик, кој се натпреваруваше и победи во категоријата е-култура и наследство, иако според мене ќе победеше и доколку се пријавеше во категоријата е-наука и технологија. Бидејќи она кое го направиле овие луѓе е навистина достојно за почит.

Организацијата која стои зад овој проект е Истражувачки центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ)  при МАНУ, чија цел е собирање, категоризирање, скенирање и дигитална обработка на ретки книги и материјали во врска со македонскиот јазик, култура и традиција.

Годината (2009) која UNESCO ја прогласи за Меѓународна година на јазиците би требало да биде збогатена со книги кои овој центар ги поставува на интернет под лиценцата на Криејтив Комонс. Покрај тоа што книгите можат бесплатно да се симнат, по пат на оптичко препознавање тие можат да се пребаруваат на латиница и на кирилица и да се копира поголем или помал дел од  некоја книга. Интерфејсот е намерно избран да биде едноставен за полесна навигација.

Се работи за книги кои се подоста физички уништени, но се важни од научен аспект не само за лингвистиката, туку и за други науки. Во момeнтов тие се наредени хронолошки со тенденција нивниот број да се зголемува.

 Адреса: http://damj.manu.edu.mk/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here