Дома Архитектура Спомен костурницата во Кавадарци

Спомен костурницата во Кавадарци

13,449 views
6

 

 

Над градот Кавадарци се издига еден рид на кој Кавадарчани се искучително горди и за кој се емотивно врзани. А и како не би биле бидејќи на него се наоѓа еден од поубаво уредените и веројатно најголемите градски паркови во Република Македонија. Во мирот и тишината на овој парк во 1976 година е подигната Спомен костурница на загинатите борци во Нов од Кавадарци 1941-1945. Нацртот за оваа архитекстонска структура/комплекс го изработил архитектот Петар Муличковски од Скопје. Историчарите на уметноста притоа забележале:

“Во делата на Муличковски посебно се карактеристични објектите кои поседуваат чист и јасен архитектонски израз на конструктивизмот и новиот брутализам. Едниот направен од метал, бетон и стакло со “ѕидна завеса” и другиот во натур-бетон како оригинален претставник на новиот брутализам.”

Величковски В., Монументалната уметност во Македонија по 1945, Скопје, 2001, 43-44.

 

Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци, па и пошироко на Тиквешијата. Претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски зидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку двете железни врати (јужната и северната) на кој се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во Градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина убаво формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно според истражувањата од општината, вкупно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ.

Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со испирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два спрата кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.

Оваа Спомен костурница ниту е прва ниту последна во редот на Монументалната уметност во Македонија во периодот по 1945 година и навистина има интересно идејно решение кое одговара на хармоничниот спој со околината. Меѓутоа и покрај тоа што е доминантен објект во Кавадарци, посетителите ќе се изначудат кога ќе забележат дека за оваа импозантна градба не постои никаков информативен напис или табла. Покрај тоа што е запуштен, објектот е исто така повеќепати вандализиран со графити, а мермерните плочи со натписите на имињата се осквернавени со делумно или целосно кршење.

Надлежен ентитет за овој споменик е општина Каварадци. И навистина не можам да разберам како дозволиле толку многу да пропадне една идеја која своевремено била нова и напредна во комплексниот свет на ликовната уметност, до степен да се запрашате што мајка бара еден монументален објект како овој на соголено брдо во парк кој никој не го одржува. Историјата покрај тоа што треба да се создава, треба и да се почитува. Вака испаѓа дека “патриотите” никој не ги есапи, а посетителите остануваат збунети зошто овие луѓе некогаш гинеле.

Побогу до кога ваквото небрежно однесување кон архитектонските артефакти од нашето минато кои ги избегнуваме како да имаат некоја ментална фалинка.

Линкови: 1, 2, 3

 


Овој текст е поставен на кајмак.от. од страна на корисникот oksimoron. За постот може да се гласа тука.


 

6 КОМЕНТАРИ

  1. Прекрасно мила 🙂
    Навистина е штета што ваков објект и некогаш величествен градски парк пропаѓаат зашто надлежните не се грижат за нивно одржување.
    Ти благодарам за текстов

  2. na naseto Kavadarci,stvarno trebase da mu dojde covek odstrana,da pocne da im go otvara ocite na gragjanite,i nasiot si taka narecen gradonacalnik.Treba nekoj da im kaze i pokaze sto se imame,a nisto ne cenime.za zal.i potrebno e da im kaze nekoj: a be Lugje,znaete sto e najosnovnoto sto vi fale,Kultura,i pocit sprema sekoj i se sto e izgradeno so ljubov.Vasilke,kompliment.Golem pozdrav,i ke mi bide milo,ako imas moznost da go posetis Heidelberg,pa da procitam tekst od tebe,za ovoj grad.jas go vikam gradov Moeto Kavadarci,No Malku Poinaku.Veronika,zlato,bravo i za tebe,sto si donela prekrasna licnost vo Kavadarci.

  3. Право да кажам, се мислев дали воопшто да коментирам, кога ти со една реченица -(И навистина не можам да разберам како дозволиле толку многу да пропадне една идеја која своевремено била нова и напредна во комплексниот свет на ликовната уметност, до степен да се запрашате што мајка бара еден монументален објект како овој на соголено брдо во парк кој никој не го одржува)- се си објаснила.
    Но, ќе кажам неколку зборови. Вандализмот својствен на одредени сегменти од нашите сограѓани не е фатален само по градскиот парк и Спомен костурницата. Туку воопшто по сите белези на град Кавадарци, па и Тиквешијата. тука не мислам само на граѓани само како жители на Кавадарци, туку и на оние кои по функција треба да водат грижа за квалитетното живеење на граѓаните на Кавадарци. Овде само ќе спомнам само неколку кавадаречки работи кои не функционираат, особено поради суетите на градските фактори (Градски фактори?!): Градски плоштад, Кеј на реката Луда Мара, школски дворови, водовод, канализација, споменици на културата и историјата и др. И да не одземам драгоцен простор, благодарам за убавиот пост.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име