Дома Археологија Многу неморал и премалку објективност и кај научниците

Многу неморал и премалку објективност и кај научниците

1,519 views
0

 

Половина век имаме државна историја, па и археологија, која е уште подефектна од комшиските, бидејќи претставува реинтерпретирање на нивните ставови. Тука помош нема.

Нација е пред се социополитичка, а не културна категорија. Тоа е само дефиниција, рамка. Човековиот живот не е егзактна аритметичка категорија и таа со формули ни случајно се решава. Тоа се компоненти на измислената формула која е конвенција, договор на големите сили. Ретко кој може да даде дефиниција за генеза и етногенеза на еден народ на балканските простори. Сликата е секогаш флуидна, матна, замаглена.

Кирил Трајковски, археолог

Зошто се чудиме што поранешниот претседател Киро Глигоров јавно изјавува дека Кирил и Методиј се Словени. Тој е политичар и не мора да знае. Виновни се советниците по историја околу него зашто не му објасниле. Вината секогаш е кај историчарите што даваат погрешни интерпретации. И најталентираниот, најкреативниот политичар, со аморален и дефектен историски став од своите историчари и археолози, станува дилетант и шарлатан во очите на светската јавност. Тоа е поразително.

Од праисторијата до денес, ние сме една пријатна синтеза на култури, на биолошки комбинации. Ни случајно не треба да се поставуваат нештата, да се дефинираат или врамуваат во крути рамки на еден народ. Самиот народ не е еден народ оти е конгломерат, културна мешавина.

Ова се само извадоци од интервју на археологот Кирил Трајковски за Дневник. Еден од ретките вистински археолози чие мислење и долгогодишна работа навистина ги ценам.

Линк до статијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име