Home Апели Старата скопска чаршија со коли е попрометна од мојот булевар

Старата скопска чаршија со коли е попрометна од мојот булевар

1,358 views
3

Со оглед на она што го доживувам секој ден минувајќи низ Старата скопска чаршија, мислам дека надлежно за неа не треба да биде Министерството за култура, туку Министерството за сообраќај.

Старата скопска чарија која претендира да стане заштитена културна зона, покрај фактот дека е ,,заштитена пешачка зона”, последниве 2-3 недели е попрометна отколку булеваров каде што живеам. Не само што човек може да биде прегазен од мноштвото на автомобили кои се движат со голема брзина и со ,,шкрипки” вртат на аглите од одредени културно-историски споменици, туку имало и случаи кога сум била очевидец на полициска кола која вози низ чаршијата и им алармирала со свирка на луѓето да им се ,,тргнат од патот”. Демек им сметале на нивниот зацртан итинерар.

Чаршијата во последново дестелетие имаше неверојатно тешки моменти со сите превирања кои настанаа во државава. Пред неколку години започнa процесот за нејзина ревитализација и заживување, но очигледно овој процес за заживување некои од нашите рамковни другарчиња го сватиле ,,пресериозно”.

Намсто да се издигне на пиедестал, Стара чаршија е заштитена само на хартија, и покрај другите несреќи од типот на пропаѓање на некои културни споменици, се соочува згора и со мобилна катастрофа на загадување од издувни гасови на автомобилите.

Ако државава мисли да стави една средина да биде заштитена со закон на Унеско третирајќи ја на оваков начин, тешко нас. Зошто следниот пат кога нашите граѓани ќе тргнат низ прошетка низ Старата скопска чаршија, да си знаат дека при тоа треба да понесат кацига и штитници. И гас маска.

Препорака за читање:
Музејот на Старата скопска чаршија
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек?

3 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here