Дома Архео TV 2.0 Heia in den Bergen

Heia in den Bergen

1,475 views
0

Карла Мафиолети е бразилка со прилично хетерогено потекло, но со прекрасна појава и уште помоќен глас. Дамата која зборува повеќе јазици еден ден решила дека сака да студира соло пеење на Академијата за музика во Холандија каде и се придружила на својата колешка Carmen Monarcha. На само 25 годишна возраст (инаку Карла е родена 1980г.) ја забележува Андре Риу (André Rieu) кој ќе ја најми за настапите по светот со својот Johann Strauss Orchestra.

За нејзината биографија може да се прочита нешто малку на Википедија и на сајтот на André Rieu, а грациозната раскошност на нејзината става и глас можат да се доживеат преку клипчињата на you tube. Ова кое го одбрав да го постирам е од настапот на Андре и неговиот оркестар минатата година во Виена, во дворецот Шенбрун, чие шоу гледачите на една од македонските телевизии имаа прилика да го видат.

За оние кои не се склони кон слушање на сериозна музика им препорачувам да бидат храбри и да го издржат почетокот на видео клипот, зошто следува една од најпрекрасните верзии на оваа нумера.

[youtube]b65RTb8hsfo[/youtube]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име