1st August 2007

Што?А? Нема пирамиди?

posted in WWWести, Археологија |

 

Мислам дека со своите делувања во полето на културното наследство можеме да ја достигнеме несериозноста на Босанската држава која прво ги скрати финансиите за проектот „Босанска пирамида на Сонцето“, за потоа да се премисли. Монти Пајтон серијалот на Босанската влада за Пирамидата во Височица која за една година се размножи на 5 пирамиди, не вроди со плод ниту по пат на археолошки ископувања. Нашите добри копи-пејстери од весници извесија за првиот, но не и за вториот дел од оваа Босанска сага. Колку за потсетување и порано имам споменато дека постојат неколку мои колеги, босански блогери помеѓу кои е и Stultitia, кои покрај тоа што пишуваат за овој случај на своите блогови, обединети се и во еден заеднички блог насловен како APWR (Anti Pyramid Web Ring) каде можат на англиски со соодветни линкови да се прочитаат најновите информации за истражувањето на ,,најголемото гео-археолошко откритие” на светот.

За временски период од две години не беше изнесен ниту еден конкретен доказ дека навистина се работи за пирамида, но ете овој проект беше подржан финансиски од Босанската влада. Босанците даваат пари и каде што нема археологија, за разлика од нас кој ја имаме, ама со сите сили се трудиме да ја снема од светот на културните богатства.


Препорачани линкови:
1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија?
2. Срушена босанската пирамида
3. Пирамидата во Босна – природна формација
4. Апдејт на Пирамидата во Босна
5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1
6. APWR и недостаток на идентитет

Bookmark and Share

There is currently one response to “Што?А? Нема пирамиди?”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On December 21st, 2008, Кралството на Античките Босанци » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] 1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија? 2. Срушена босанската пирамида 3. Пирамидата во Босна – природна формација 4. Апдејт на Пирамидата во Босна 5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1 6. APWR и недостаток на идентитет 7. Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја 8. Зошто би граделе пирамида кога можеме да си ја најдеме или да си ја купиме 9. Што?А? Нема пирамиди? [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes