Дома Археологија Чатал Х(ј)ујук на Flickr

Чатал Х(ј)ујук на Flickr

2,486 views
0

 

Колку и да звучи чудно насловот на постов, сепак се работи за многу едноставно решение. Ископувањата на светски познатиот археолошки локалитет Chatal Höyük во Турција, кои ги раководи Јан Ходер (Ian Hodder), покрај официјалната веб страница, од минатата година можат да се видат оn line поставени на Flickr. Во моментов страната е освежена со најновите фотки од ископувањето, така да сите заинтересирани за археологијата, может преку фотографија да го следат текот на истражувањата кои со истоимениот професор започнаа во 1993 година.


Изгледот на една куќа во Chatal Höyük
(кликни на сликата за зголемена верзија)

Пред 9 000 години група на неолитски луѓе во низините на централна Турција, удобно се сместила крај коритото на една река. Подигнале населба која пораснала до 8 000 луѓе со 2 000 куќи на простор од 26 хектари, со големина на денешни 24 фудбалски игралишта. Но и во подоцнежниот период тие немале улици, па влегувале преку крововите на своите куќи. Кога ќе влезеле преку кровот, надолу се спуштале во пријатен простор кој бил полн со сликарии и склуптури кои ги доловувале бикот, еленот, леопардитe и човечките фигури.

Градот кои го подигнале денес е познат како

Chatal Höyük

 

Линк: http://www.flickr.com/photos/catalhoyuk/


Препорачани линкови: – Chatal Höyük – Homepage
Блогот на Chatal Höyük
This Old House
THE FIRST CITIES: Why Settle Down? The Mystery of Communities

п.с. Chatal Höyük во оригинал се изговара како Чатал Хи`ик, но може да се сретне и како Чатал Х(ј)ујук.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име