Дома Археологија Конвенцијо моја, прејди на друг

Конвенцијо моја, прејди на друг

2,490 views
1

 

Пронаоѓањето на сензационалното откритие – двата илирски брода на локалитетот Десило, во Хутоновото мочуриште во Босна, ги разбранува духовите на европските археолози. Проф. Novaković, предавач по археологија на Универзитетот во Љубљана и генерален секретар на EAA (European Association of Archaeologists) изјави дека наодите на бродовите се исклучително ретки, претставуваат феномен  за себе и сличен наод од блискиот регион по својата старост и по фактот што припаѓа на домашните заедници е либурнската серилија од Затон, кај Задар.

Босанските археолози со ова извонредно откритие се соочија со голем проблем. Во трката да го заштитат своето културно богатство за кое немаат когнитивен и финансиски капацитет, а за кое е заинтересирана и Европа, заборавија дека ја немаат ратификувано конвенцијата од Ла Валета, од 16.01.1992 година. Со тоа самите си направија пречка, зошто таа конвенција овозможува правни услови за заштита на археолошкото наследство со кое се обврзуваат сите европски археолози да помогнат, доколку тоа се побара од нив. На овој начин се оддолжува процесот на конзервација на бродовите кој може да биде погубен.

Инаку проф. Novaković е еден од моите ментори за испитите од магистратурата во Љубљана и ете некако ми дојде да се пофалам.

А за информацијата – Stultitia, ти благодарам.

1 КОМЕНТАР

  1. […] Тешко се справуваме не само со заштитата на нашето наследство, туку и со третманот на археолошките локалитети во културен  предел. Имплементацијата на Конвенцијата од Ла Валета како да се подзаборава иако таа е валидно законски ратификувана во земјава (1,2). […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име