Дома Архео TV 2.0 Куќата на летечките бодежи

Куќата на летечките бодежи

1,344 views
0
Wǔxiá представува жанр на филмови кој својата подлога си ја нашол во сублимација на филозофијата xiá и wushu – што во буквалана смисла значи уметност на боречки вештини. Секако тука се богатата кинеска историја, традиција, уметност, митологија и необичен фолклор испреплетени со љубов, пријателство, храброст и херојство.

Дејствието на филмот е сместено во 859 година, за време на Династијата Танг (Tang). Заради тешкиот живот на луѓето, почнале да се создаваат огромен број на одметнички банди кои краделе од богатите, а им давале на сиромашните. Една од најпознатите и нај моќните била ,,Куќата на летечките бодежи“. Темата за филмот е позајмена од познатата поема на Li Yannian, личен поет на династијата Хан (Han).

Ова е приказната во која никој не е она што на почетокот се представува. Трите главни лика (секој на свој начин поврзан со Куќата на летечките бодежи), имаат различно минато, а она што им е заедничко е дека секој секого нешто го мами.

Филмот иако е класичен приказ на источњачките воени вештини, човек како да се подзаборава дека зад сите тие борби стои едно емотивно патешествие. Но, кога жена е растргната помеѓу два мажа, однапред се знае дека тоа завршува кобно. И покрај тоа што Leo е со години заљубен во Mei, таа за само три дена ќе се заљуби во Jin.

Ретко на кој режисер му успеало за само 120 минути да ја долови онаа поговорката: ,,дека е потребно една минута да запознаеш посебна личност. Еден час за да научиш да ја цениш. Еден ден за да ја засакаш. Но, еден ЦЕЛ живот да ја заборавиш.

Кога ги гледав trial-ite, беше нагласено дека сценографијата, костимите и накитот се земени од кинеските слики од тој период, за да изгледаат што е можно по автентично. Комплетното богатство на колоритот е највпечатилив во сцената во која слепата девојка го игра ,,Танцот на ехото”, веројатно една од најмоќните сцени во филмот. Глумицата Zhang Ziyi не само што блеска со своето танцување, туку плени и со својата музичка изведба.

Впечаток ми оставија ефектни сцените со борби, посебно оние во бамбусовите шуми. Скоро и да не се сеќавам дека сум изгледала филм од истокот во кој имало сцени со борбени вештини, а тие да не се одвивале во бамбусова шума. Бамбусот за сите овие цивилизации има посебно значење (симболичко и утилитарно) поврзано со традицијата, и можеби понатаму ќе му посветам посебен пост.

Визуелните ефекти, фотографијата, музиката, а посебно контрастот на боите е нешто што е својствено за Zhang Yimou, еден од најславните кинески режисери. Во едно интервју за него читав дека сценариото го спремал со години, исто како што глумците со месеци се припремале за улогите.

По сите филмови кои ги изгледав од жанрот wǔxiá (Crouching Tiger Hidden Dragon, Hero, донекаде и Warriors of Heaven and Earth и многу други) сметам дека Куќата на летечките бодежи (House of flying daggers) заедно се преходно наброените, спаѓа во ремек делата на светската кинематографија. Со 45 милиони долари, тоа е најскапиот филм било кога снимен во кинеската кинематографија.

И музиката и филмот можете да си ги симнете со помош на торенти. Моја препорака е дека би било убаво да не пропуштите да се запознаете со богатите световите на Истокот кои почиваат врз фолклорната митологија. Ќе научите по нешто за нив..а богами и за себе си. 🙂


Дополнување: * написи од критичари
* клипчиња на you tube од филмот


А за крај ,,ЁО¤H¦±” во изведба на Zhāng Zǐyí

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име