Дома Тајната книга (серијал) Јазикот на Тајната книга и Богомилското движење (5)

Јазикот на Тајната книга и Богомилското движење (5)

3,076 views
1

Богомилското движење (ако може да се третира како такво) иако се појавува на Балканот, своите корени ги влече од исток, од Манихејството и Гностицизмот, кои пак своето потекло го влечат од Заратустра. Подоцна овој дуазлизам можно е  да се следи во Херцеговина, некогашно Захумље делумно преку археолошки материјал во вид на стећци (кои треба да се доистражат), каде Богомилите се придвижиле во напор да ги избегнат прогоните на Црквата. Од Балканот одејќи кон северо-запад, со себе го понеле начинот на живот и размислувањата, преку Босна и Далмација, се до северна Италија и југот на Франција (каде што се познати како Катари). Како литература би можела да ја посочам книгата на д-р. Никос Чаусидис ,,Дуалистички слики“, каде тој преку археолошки материјал (медиумот-слика) се обидува да го следи Mанихејството и Богомилството на територијата на Македонија. Искрено, таа е и еднинствената книга која ја знам од областа на археологијата и историјата на уметноста, а да допрела тема поврзана со оваа ,,религија”.

Интересен факт кои се дознава од историските извори е дека Вук Караџиќ го земал  источно-херцеговскиот дијалект како основа за реформата на српскиот јазик,бидејќи го сметал за најдобро сочуван народен јазик.Тој потекнува токму од тие краеви во кои Богомилите во Србија масовно се населувале.

Од ова може да се забележи дека Богомилите биле прилично подвижни, со полу-номадски начин на живот. Дали притоа тие навистина успеале да го сочуваат народниот јазик и писмо? Дали пишувале на глаголско писмо? Прилично е тешко е да се каже бидејќи директни извори нема. Еднинствени извори се оние од нивните современици-непријатели, почнувајќи од Презвитер Козма па понатаму. И два преписи на латински јазик. Едниот во Франција од 12 век, а другиот во Австрија од 13 век.

Оригиналот на Тајната книга до ден-денес не е пронајден. Но кој ќе го изгледа филмот ќе пронајде нешто друго…


За мене најинтересен заклучок кој можам да го извлечам од чисто историски контекст е како можело на една територија како што е Македонија во ,,приближно” исто време да постојат луѓе кои му дале душа на овој народ со писменост и религија, и ,,група бабуни кои сакале со стап да им ја здробат главата”?

Препорака за читање:

* Ђорђе Ћапин – Мит о богумилима
* Проект Растко – разни статии

продолжува

1 КОМЕНТАР

  1. Najubavo za ovaa ucenje ima vo knigata na Mitropolit Metodij Zlatanov “Racin i bogomilite” vo prodazba na izdavacki centar TRI

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име