Дома Лично Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

1,106 views
0

„Градот Никејски се фали со вашите пелени, богоносни, Тиверискиот пак, со чудата ваши се насладува и со страданијата се украсува, Теодоре, Божествен, и Тимотеје, Евсевие, богоблажен, и Комасие – и со песни Го воспева Христа во сите векови. Со свештени песни да ги воспееме Петар и Теодор, Јован, Никифор, Сергиј и Василиј, Тома, Харитон, Даниил и Јеротеј, со нив и Сократ себлажениот: сета твар нека Го благословува и нека Го превознесува Бога во сите векови.“

Денеска е големиот празник Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици. Легендата за нив вткаена и на истоимениот археолошки локалитет, е составен дел од битот на некогашен Тивериопол, а денешна Струмица. Црквата посветена на овие светци, која се наоѓа во истоимената месност, содржи еден од најстарите фрескоживописи во Македонија, на кои се претставени овие светители.

„Но мачениците, бидејќи неограничени по силата на Христа, чинеле чудеса изобилно не само на месните жители туку веќе ги распространувале надвор од границите. Зашто сите што биле обеспокојувани од демони и измачувани од други телесни слабости, кога пристапувале до ковчезите нa светите веднаш добивале исцеление, така што мнозина од Елините, водени од тие чудеса, ја познале вистината, пристапувале кон верата Христова и примале Божествено Крштение, и на тој начин ниту во Тивериопол ниту во околината не останал ниту еден безбожник…”

Воедно, денеска е празник и на градот Струмица, па нека им е честит.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име