Home Археологија Виртуелната Хералдика на општина Аеродром

Виртуелната Хералдика на општина Аеродром

1,040 views
0
Хералдиката (покрај тоа што е третирана како помошно-историска) е наука за грбовите. Секоја држава, град, општина, фамилија или фирма, политичка партија итн.. може да има свој грб. Дизајнирањето, спојувањето, наследувањето, како и блазонирањето (опишување, читање) на грбовите има свои правила исто како што секој грб има свои составни делови, т.е елементи.

Бидејќи општина Аеродром, немала свој грб, а се ближи Новата Година, тие трчи трчи набрзинка, си најмиле луѓе и си измислие грб. Велат било срамота што немале сопствен грб. Како инаку ќе штампаат флаери за Нова Година?

Ова се грбовите на Град Скопје, општина Кисела Вода и општина Старо Нагоричане.

 
   

Ова се грбот и знамето на општина Аеродром.

Се прашувам дали грбот и знамето на општина Аеродром ги исполнуваат хералдичките критериуми? А како второ…нели ви се чинат малку усилени за разлика од другите грбови? Некако потсетуваат на лого од некоја политичка партија…

Останатите грбови и знамиња можете да ги погледнете тука.



 Македонски Хералд бр.1 – Официјалниот Гласник на Македонското Хералдичко Здружение


Корисни линкови:

Саjт на Македонското хералдичко друштво

 Хералдика во Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here