Home Археологија Потрагата по статијата за идентитетот заврши

Потрагата по статијата за идентитетот заврши

831 views
0
Во суштина потрагата по фамознoто интервју на Јован Ристов ,,Мафијата ни го продава идентитетот и за 100 ЕУР“, објавена во Вечер на 04. Февруари заврши одамна, ама имав многу работа па го одложив нејзиното постирање.

Бидејќи on line архивата на Вечер се затвори за пошироката публика со доаѓањето на нова влада (случајна или намерна коинциденција!), бев приморана да го побарам написот во НУБ.

Тука морам да изразам благодарност до вработените во оваа институција (затоа што знам дека ме читаат), посебно до мадам Сенка Наумовска која безрезервно ми излезе во пресрет, особено по моето представување кое со себе ја понесе и титулата блогер.

Инаку спорната статија на Јован Ристов прикажува многу контроверзии и горенаведениот ќе треба да се спреми да одговара пред јавноста за криење податоци, а посебно за критикување на археолошката фела, на која до пред некој месец и самиот беше член.

Бидејќи статијата ми е фотокопија, ако не успеам да ја обработам, во краен случај ќе ја секнирам, и како таква ќе ја поставам на блогот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here