Дома Блогосфера Како да украдете идеја од блогер

Како да украдете идеја од блогер

1,248 views
0

Текстот за Архео-филателија ми беше напишан уште одамна. Пробав да го постирам, но не ми успеваше заради одредени технички проблеми кои во тоа време ги имаше Блогерајов. Поради тоа целосната верзија беше поместена на блогер, а парцијално на Блогерај, поради гореспоменатите проблеми. Кога бев запрашана зошто го постирам реков: ,, не е лошо луѓето да се потсетат, со тоа што јас давам само краток осврт на македонската филателија и елементите од културата која таа ги има употребено на своите поштенски марки”. Кога се средија сите проблеми, во меѓувреме текстот доживеа и репринт.

По два месеца прочитав во Шпиц статија дека во Музеј на град Скопје има изложба на тема ,,Богатството низ поштенски марки” каде се изложени – Културното и природното богатство на Македонија  преку поштенските марки.

Па добро бе луѓе се има ли усул кога се краде? Постои ли начин и покрај сите овие лиценци демек за заштита на авторските права – да се заштитат и блогерите од крадење на идеи? А? Постои ли начин блогерите да бидат заштитени????

© археоблог 2006.Сите права задржани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име