Дома Администрација Мојата порака до Блогмастерот на blog.com.mk

Мојата порака до Блогмастерот на blog.com.mk

1,476 views
0

 

Мојот последен пост го избришав бидејќи не оствив опција за коментирање, и моето право како корисник беше прекршено. И тоа токму од оние кои треба да го заштитат тоа право на корисниците. Јас замолив на најљубезен начин, а Блогмастерот ми одговори на најглпуавиот можен. Да видеше вчера блогмастерот кај мене во администрација, полето за пораките не постоеше, и ете оп денеска мистериозно се појави.

Се знае зошто служи еден блог и кому тоа служи. Кога некој има блог, тоа значи дека е негов, лично негов и само газдата може да прави на него што сака. Со самото тоа што блогерајот ги пуштил блоговите во оптицај, се оттуѓил од нив. Негово е само да ги оддржува. И постои заради давање на соодветна поддршка и токму заради овакви мали или големи киксови.

Корисниците можат да реагираат како сакаат и предходно сум рекка, а се знае како треба да реагира Блогмастерот. Самим тим тука не требаше да има никакви чувства и бидејќи се сметам за навредена со искажаните зборови, БАРАМ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ.

а после ова навистина ја исклучувам опцијата за примање приватни пораки.

Кај мене вчера вечер не постоеше опција за исклучување на ПП не знам зошто и не е мој проблем туку на оној кој го одржува блогерајот. А со тоа што не сум оставила опција за коментирање на постот, како да не му е јасно дека тоа се однесува и на него.

 

Корисник како корисник може да реагира како сака, ама не и Блогмастер, посебно не со навредливи реченици. Можам тек да замислам да нападнав или со нешто погрди зборови што ќе се случеше.

Ова не е по дома, ова е нет и блогерај, тој е Блогмастер, админ на една блогплатформа и се знае што му е работа. Се знае што е работа на еден корисник а што на еден Блогмастер.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име