Home Археологија Сексот и Музејот

Сексот и Музејот

2,070 views
1

 

Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје,87-89.

Археолошки дневник

Се започна од веста за најстариот кондом на светот, кој во моментов е изложен во Австрискиот музеј. Е сега само понекогаш се сложувам со дефиницијата дека предметите денеска се собираат поради нивното магиско дејство.

Најстариот кондом на светот

Комерциализацијата на културата доведе то тоа да почнат да се колекционираат вистински бизарности, на кои понекогаш дури не им недостасува и естетиката како категорија.

Ги сакам музите. И предметите кои се перманетно или привремено дел од нив. Отсекогаш сум сметала дека музејот допринесува за една поинаква едукација, најмногу заради тоа што се создава еден посебен филинг помеѓу посетителот и предметите.

Постои некои необјаснив феномен на нашите доживувања при посетата на некој музеј. Не знам дали се должи тоа на естетската вредност на некои предмети, која како категорија е лична и субјективна или на нивната веќе спомената магиска вредност. Но постои едно интересно чувство кое мене ме држи додека сум во музејот, а и неколку дена потоа.

Ми текнува дека за ,,Музејот на сексот” во Њу Јорк се зборуваше уште додека студиравме на факултет. Се крена голема врева прво околу идеја, а потоа и околу неговата локација. Креаторите на овој проект на самиот почетокот се судрија со огромни проблеми. Прво на оваа вест реагираше Католичката Лига за Религија, нарекувајќи го се уште неизградениот објект ,,музеј на непристојност”. Тогашниот градоначалник на Њу Јорк, Рудолф Џулијани притиснат од верските организации, беше приморан да донесе закон со кој неговата локација ќе биде најмалку на 500 јарди одалечаност од било кое училиште, црква или верски објект.

Музеј на сексот е институција од културен карактер која ја прикажува еротската уметност, историските сексуални каприци и документите за историјата на еротиката. Т.н. MoSex се наоѓа на 27-та улица од Петтата авенија во Њу Јорк, а своите врати ги отвори на 5 Октомври, 2002 година, со свеченоста по повод изложбата на тема:,,Како Њу Јорк Го Промени Сексот во Америка”.

Иако музејот ја презентира еротската уметност во едно поинакво опкружување, не е на одмет да се спомене фактот дека треба да се надмине проблемот кој музејот го има вадејќи ги сексуалните објекти надвор од нивниот контекст. Но, ставајќи ги под стакло, во едно супер-организирано музејско опкружување сепак се постигнува ефектот поставката да биде возбудлива како некоја колекција на ексклузивни поштенски марки.

Доколку имате желба да го посетите ,,MoSex” треба да знаете дека изложбите се препорачуваат исклучиво за возрасни особи на 18 години. Ама маните магиска вредност ако ви се случи да отидете во музеј и  уште на влезот прочитате дека се забранети: пушењето, допирањето, лижењето, уништувањето или преместувањето на артефактите.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here