Home Археологија Сликите околу нас

Сликите околу нас

1,987 views
0

Сликите, уметноста и симболите се составен дел од животот на човекот откако тој постои.

Она кое ни е познато од досегашните откриени наоди е дека сме почнале да создаваме  веродостојни прикази некаде околу 35 000 BP. И да разбираме што тие значат. Првите претстави кои ги направил човекот се наоѓаат во доменот на проучувањата на палеолитската уметност. Со оглед на тоа дека за тој период од човековиот развиток не постојат пишани докази, спорен е моментот дали сите тие го означувале сегментот од духовноста кај нашите далечни претци или го претставувале само простум светот во кој живееле. За жал, при интерпретација на археолошкиот или палеонтолошкиот материјал, скоро е невозможно да се избегнат шпекулациите со податоците, а недостатокот на артефакти од рано палеолитските  локалитети оневозможува да се направи континуитет во комплетното сценарио за почетоците на симболизмот. А со тоа и на духовноста кај родот Homo.

Најстариот познат наод од Леденото Доба со реалистичен приказ

Она во кое можеме да бидеме сигурни, тоа се нивните слики, т.е. преставите кои ги оставиле на ѕидовите од пештерите (Chauvet, Altamira, Pech Merle, Lascaux), или како минијатурна тн. portable art. Поентата зошто светот на нашите древни претци изгледал како слика е заради тоа што таа морала да биде измислена. Оти ако не била таа способност, веројатно би биле изгубени без нешто на кое се потпираме секојдневно. А тоа е нивното значење. Способноста да ги разбереме сликите онака како што на нам ни одговара е многу важен дел од нашиот свет, во пакет со нормите кои се наметнати од друштвото. Но со текот на времето луѓето одлучиле да почнат да создаваат слики на светот околу нив кој воопшто не бил пандан на оној реалниот.

Пештерата Шове (Франција)

Колку пати дневно погледнувате во сликите поставени на билбордите, во рекламите од телевизијата, списанијата, фотографиите, интернетот … Тие се само дел од визуелниот свет кој ни го окупира нашето внимание, па макар тоа било и за момент. Овие слики дури и без да сакаме влијаат на нас и го обликуваат начинот на нашето размислување за другите, но и за себе си.

Ако го оставиме настрана фактот дека нашиот свет е толку преокупиран и во него преовладуваат нереалистични тела, она што мене ме копка е зошто претставите на луѓето од праисторијата кои го опишувале нивниот свет, не се совпаѓаат со претставите на луѓето од 21 век кои би требало да ги “опишат/доловат” работите кои постојат околу нас? Зошто не го гледаме и не го претставуваме светот исто така реално, како што го правеле нашите претци?  Што е причината да во тој долг континуум од илјадници години на уметност, стигнеме до стадиум на претстава на сите сегметни од нашиот живот, сублимирани во нереалните сликите кои доминираат околу нас.

Која фотографија е пореална?

Стереотипни, предимензионирани и совршено идеални, се запрашале ли зошто сите тие слики фасцинираат и имаат толкава огромна моќ над луѓето? А медиумите за масовна комуникација само допринесуваат за одржување на тој мит?

За да можеме да ги разрешиме дел од овие дилеми заедно со сомнителните вредности кои владеат во западната културна (која за жал ни е уренк), би требало да се вратиме пак илјадници години наназад. Во времето кога се родила првата слика во уметност. Ама нели уметноста начелно повеќе се занимава со духовноста отколку со формата? Хм…или беше обратно…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here