Home Антропологија Клонирање на Неандерталците

Клонирање на Неандерталците

2,140 views
0

Bo последно време Неандерталците се доста “in”, иако никогаш не биле воопшто вон фокусот на интересот. Би било супер да се оживее еден Неандерталец, нели?! Така би знаеле како се однесувал, што правел, на кој начин јадел, дали имал црвена коса, како свирел на фрула и најважната ставка околу која се кршат копјата на научниците – дали зборувал.

Во списанието Nature излезе една статија која прилично ги разбуричка страстите на сите новинари, авантуристи и научници (1, 2). Имено се работи за тоа дека еден тим од научници успеале да го реконструираат геномот на ,,Волнестиот Мамут” само врз база на две фосилизирани влакна од коса.

Според написот ,,Return of the Neanderthals” се поставува прашањето дали може на ист начин да се реконструираат Неандерталците од фосилизирана ДНК, подоцна да се оживеат  и пред се, дали тоа треба воопшто да се стори? Секако опозицијата доаѓа најмногу од католичката црква чие религиозно учење се спротиставува на човечкото клонирање како и на се што е настанато во лабараторија, бидејќи сметаат дека тоа не би требало да биде применето на човекот од етички причини.

http://www.nytimes.com/2008/11/20/science/20mammoth.html?pagewanted=2

Regenerating a Mammoth for $10 Million – NYTimes.com via kwout

Клонирањето и генетскиот инжињеринг во лабараториите не е нешто непознато, но дали тоа може да се примени на Неандерталците? Секој сериозен научник знае дека сите ние потекнуваме од заеднички предок, што со други зборови значи дека Неандерталците биле прозивод на природата, а не на лабараторијата. А и до сега не е познато дека може да се оживее некој човечки вид само од примероци на ДНК, како во филмовите Jurassic Park.

Што ќе се случи ако нашето минато стане валиден проект во иднината и се обвистини? Ако пробаме да ги оживееме Неандерталците и згора на тоа им го модифицираме генот? Дали тогаш по земјава ќе шетаат суштества кои се на границата помеѓу човечкото и не-човечкото загубени во транзицијата на општествата и реалната популација?

A little bit spooky, isn`t it?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here