Дома Антропологија Најстариот инструмент на светот

Најстариот инструмент на светот

2,202 views
2

Бидејќи Словенците (во прв ред моите колеги) се покажаа како добри домаќини, решив да отстапам на мојот блог и дел за нивното културно наследство. Една од работите со кои тие ја покренаа научната јавност, беше пронаоѓањето на коскениот артефакт означен како најстариот инструмент на светот.

Коскената фрула е откриена летото во 1995 год. во подземната пештера Дивjе бабе во близината на Церкнo, во текот на ситематските ископувања од страна на археологот Иван Турк. Пештерата која воглавном била збиралиште на пештерски мечки, во текот на последниот глацијал ја употребувале и луѓето, прво Неандерталците, а потоа и Кромањонците. Во моментот на пронаогањето, фрулата лежела помеѓу две огништа.

Колку е стара?

До неодамна во научниот свет владееше мислење дека најстарата фрула ја имаат направено Кромањонците пред 40 000 – 30 000 год. BP, но фрулата од Дивjе бабе е постара. Датацијата на пештерските седиманти каде што e откриена, е добиена со радиометриски анализии при што е утврдена староста од 45 000 BP. Во археолошката хронологија, тој дел период му припага на крајот од средниот палеолит.

Кој ја направил?

Фрулата е единствена од таков вид не само во Европа туку и во светот. Ја направиле веројатно Неандерталците, бидејќи е најдена во слој со неандерталски алатки, иако остатоци од нив не се пронајдени. Неандерталците во Словенија се појавиле приближно 200 000 BP, што се докажува со пронајдените локалитети на кои има значителни наоди од камен кои влегуваат во типологијата на мустериенски алатки.

Како е направена?

Фрулата е направена од цевчестиот дел на фибулата од младо пештерско мече. Истражувачите (во прва мера Турк) по пат на експериментални методи докажаа дека дупките кои се на неа, се направени од луѓе, а не од загриз на животни, а јас и во живо видов како може на фрулата да се свири.

Во моментот таа се чува во Народниот Музеј на Словенија, во Љубљана.

Корисни линкови:

Neanderthal flute

Could Neanderthals Carry a Tune?

Archaeological Evidence for the Emergence of Language, Symbolism, and Music—An Alternative Multidisciplinary Perspective

Who made Neanderthal Flute? Humans or carnivores? Summary of Turk’s evidence

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име