Како што беше објавено во медиумите и на мојот блог, на 30 јуни етно-групата Синтезис ќе го промовираат својот најнов албум ,,Идентитет” со бесплатен концерт на Скопското Кале. Да биде задоволството двојно, сите заинтересирани пред настапот на Синтезис кој е закажан за 21 часот, од мене ќе добијат бесплатна тура низ локалитетот. Збирно место e Горна капија на Кале, пред самиот паркинг. Поканата за овој настан е од отворен карактер. Секој може да се придружи или да покани други да се приклучат.
Домаќин: Arwena
Тип: Тура по археолошки локалитет
Ден/Датум: Понеделник, Јуни 30, 2008
Време: 7:00 pm – 8:30 pm
Локација: Скопско Кале
Град: Скопје, Македонија (погледни ја мапата)
А не дај боже, во случај да заврне? Веројатно не чека најблискиот коктел бар и по едно mojito 🙂
Поубавиот дел од членовите на Синтезис со македонските блогери
Археолошки локалитет – Стоби, 16 Јуни 2007
Апдејт: 30.06.2008 – Skopje fortress walking tour
И групата која храбро го изоде археолошкиот локалитет пеш, еден час пред настапот на Синтезис на Скопското кале
Клучни зборови: Синтезис, концерт, Скопско кале, пешачка тура, Скопје, Македонија, Synthesis, concert, Skopje fortress, walking tour, Skopje, Macedonia
[…] фотографија на луѓето кои дојдоа на бесплатна тура низ археолошкиот локалитет Скопско Кал… што ја организирав пред настапот на […]
[…] facebook, а во Јуни за прв пат се обидов да го тестирам со покана за Бесплатна тура низ Скопско кале пред концерт…. Испадна дека facebook во случаите со креирање и […]
[…] фотографија на луѓето кои дојдоа на една бесплат тура низ археолошкиот локалитет Скопско Кале што ја организирав пред настапот на Синтезис во […]
[…] фотографија на луѓето кои дојдоа на една бесплат тура низ археолошкиот локалитет Скопско Кале што ја организирав пред настапот на Синтезис во […]