Home Археологија Изгледот на римската куќа (1)

Изгледот на римската куќа (1)

17,599 views
1

[youtube]WCo5nA4rZag[/youtube]

Експанзијата на латинскиот род која почнала од Апенинскиот полуостров довела до создавање на моќното и огромно Римско царство. Тоа територијално опфатило поголем дел од Европа, на север до Дунав и Рајна, како и целото Средоземје со деловите на Африка и Азија. Римските освојувачи доста спретно се користеле со културните достигнувања на сите народи со кои завладеале (посебно Грците и Етрурците). Самите не се истакнале како некои врвни уметници и креативни творци, но затоа се покажале како извонредни конструктори и техничари, посебно во градежништвото. Тоа го докажуваат нивните монументални градби како: арени, аквадукти, мостови, патишта, храмови и т.н., но секако и нивните фамилијарни објекти, т.е. домовите за живеење.

Каде е базата на податоците за римските куќи?

Дел од римска инсула

Во еден поранешен пост напишав дека базата на податоците за римските куќи секако дека најмногу ја добиваме од античкиот Рим. Но, дури и во стариот Рим со текот на вековите се менувал изгледот на куќите, па тие денеска представуваат мешавина од стилски епохи. Всушност ние целосно и потполно ги запознаваме формата и изгледот на римските градски населби откако биле откриени градовите Помпеја (Pompeii) и Херкуланум (Herculaneum) кои во 79 год. н.е. ги затрупала ерупцијата на блискиот вулкан Везув (Vesuvius). Кога бил симнат покривот од пепел (инаку ископувањата траат се уште) се покажал град со улици и продавници, јавни згради и приватни куќи, во кои се сочувале сите апарати, сликарски и вајарски украси, мебел и огромен број на предмети за потребите на секојдневниот живот. Во тој поглед Помпеја е еден од најзначајните археолошки вредности на сите времиња и таа придобивка му припаѓа на целиот свет.


Фасада на римска куќа

Атриум

Изгледот на една римска куќа

Во Римската империја постоеле повеќе видови на објекти за домување, како villa urbana (градска куќа), villa rustica (селска вила), insulae (кварт, остров) и др. Во овој текст ќе се задржам на господската куќа која можеле да си ја приуштат само имотните граѓани во тогашното опшество и се викала domus.

Од надвор била оградена и во неа ништо не се гледало. Кон улицата немала дворови, паркови, врати (со исклучок на влезната) и биле подигнувани на два спрата – првиот за господарот, горниот за робовите.

Поглед
атриум-триклиниум

Поглед на таблинумот
од атриумот

Средниот дел на една богата римска куќа (atrium) имал кров, кој на средина се спуштал и тука правел голем четвороаголен отвор (compluvium). Под него на подот постоела вдлабнатина (impluvium) за дождовница. Околните соби светлина и воздух добивале токму од атриумот. Во нив се влегувало само преку него. Во атриумот се наоѓал ходник (fauces) во кој се наоѓала куќната врата од која се излегувало веднаш на улицата или нејзина варијанта каде влезот бил малку повнатре во ходникот. Оној дел од ходникот кој се наоѓал помеѓу куќната врата и ходникот се викал vestibulum. Во помоќните римски домови овој дел од куќата бил раширен, богато украсен и тука се собирале клиентите за утринскиот поздрав (salutatio). Околу атриумот биле спалните соби, трепезариите и складиштата (шпајз). Последната просторија од секоја страна (ala) обично била отворена кон атриумот.


Поглед фауцес-атриум

Триклиниум
Свечената соба во куќата (tablinum) со сета своја ширина била отворена кон атриумот, а преку широки врати го спојувала атриумот со перистилот. Перистилот претставувал градина опкружена со столбови. Околу неговиот трем се наоѓале сите други соби (cubicula – спални соби, triclinia – трепезаријата, exedrae – друштвени соби) и собите на домаќините.A имаме ли ние римски куќи?! Секако дека имаме, но за тоа во следниот текст.
Продолжува…

Постот е репринт на истоимениот текст публикуван 2003 г. во списанието ,,Мој Дом

Некои од термините употребени да се опише Roman Domus

atrium – formal entrance hall
ala – “wings” opening from atrium
cubiculum – small room; bedroom
culina – kitchen
exedra – garden room
peristylium – colonnaded garden
taberna – shop
tablinum – office; study
triclinium – dining room
vestibulum – entrance hall

Препорачани линкови: Римска куќа ; Римска архитектура

1 COMMENT

  1. […] Изгледот на римската куќа (1) Изгледот на римската куќа (2) На нероден Херкулес храм му изградиле!? Изложба на монети за минатото на Скопје Парите сведочат за Скопје (PDF) Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here