Институтот за историја на уметноста и археологија ги кани сите заинтересирани на серија предавања презентирани од истакнатиот египтолог, д-р Рамадан Б. Хусеин од Каиро.
Д-р Хусеин е главен оперативен директор во Министерството за Антиквитети во Каиро, како и координатор и директор на неколку национални програми за документација и дигитализација на артефакти. Дипломирал на Каирскиот Универзитет, а магистрирал и докторирал на Универзитетот Браун, САД. Учесник е и раководител на повеќе интернационални теренски истражувања во Египет, како и автор на низа публикации. Ангажиран како предавач на Универзитетот Браун, САД и AMIDEAST, Египет.
ПРОГРАМА:
Вторник, 29.03.2011
14.30 – 18.00 Стариот Египет: Културен Преглед
(Ancient Egypt: A Cultural Overview)
Четврток, 31.03.2011
09.00 – 11.30 Цивилизација без градови? Урбанизмот во стар Египет
(A Civilization without Cities? Urbanism in Ancient Egypt)
Петок, 01.04.2011
12.00 – 15.00 Мит-о-творење и создавање на ритуален простор:
примерот на Тебанските светилишта
(Myth-making and the Creation of Ritual Landscape: The Case of the
Theban Sanctuaries)
Настанот има своја страница на фејсбук, каде може да се добијат повеќе информации.