Home Археологија Како издавачката куќа Нампрес ме прелажа и заработи тужба

Како издавачката куќа Нампрес ме прелажа и заработи тужба

5,995 views
2

За издавачката куќа Нампрес од Скопје пишувам со години, поточно од ноември 2003 година кога излезе мојот прв напис за Кокино кој подоцна е публикуван и во мојата книга. Пишував афирмативни написи генерално за археологијата и културното наследство за скоро сите нивните списанија како што се Мој Дом, Тој, Комплетна … Се работи за околу 70 написи во рок од 6 години, од кои повеќето воопшто не сум ги поставила на интернет.

Минатото лето, во јуни, добив понуда да ја направам научната реценија на обемната книга “Принципи во археологијата” од Даглас Прајс на македонски јазик. Се работи за еден од проектите на Владата за збогатување на книжниот фонд во областа на повеќе науки, а терминолошките археолошки проблеми со кои се соочив ќе бидат предмет на некој од идните постови.

Се уште не сум видела како ова печатено издание изгледа, бидејќии одговорот кој го добив од нив е дека Министерството им нарачало 500 копии, а тие сите ги испорачале. Не сум во можност конкретно да го цитирам законот за издавачка дејност, но знам дека на рецензентот според овој закон му припаѓа најмалку еден примерок од книгата која ја сработил. Нејсе, ако не сум ја добила од нив, белким Министерствата во Владата нема да се изрезилат за една книга. 🙂

Kако што е редот направив договор за соработкa и за финснсиската конструкција, но исто така направив и голема грешка за која мојот адвокат ме опоменува со години. Имено, верувајќи на луѓето дека нивните ставови во животот се исправни и коректни како моите, не направив договор на хартија. И се заебав!

Но договорите на хартија за кои фирмите треба да платат подоцна персонален данок се многу ретки во Македонија, и ќе биде потребно да напишам цел ферман за моите лични исуства како функционираат фирмите кај нас  на рекла-казала избегнувајќи да ја платат обврската кон државата.

Заради неподмирени авторски долгови, на издавачката куќа “Нампрес” им поднесов опомена пред тужба. Поточно вчера го потпишав полномошното кај мојот адвокат м-р. Бангиевски Владимир кој го овластив да ја тера целата постапка во врска со овој случај, а утринава ќе им биде писмото испорачано на нивната адреса. Нампрес ми исплатија дел од хонорарот, но не онолку колку што се договорив, туку толку колку што тие мислеле дека треба да ми платат. Искрено, не сакам ништо повеќе од она кое сум си го сработила поштено, и толку сакам да ми биде исплатено. Ни повеќе, ни помалку.

Издавачката куќа “Нампрес” покрај тоа што ми должи авторски хонорар заради научна рецензија на стручна книга и не ми даде приимероци од книгата кои според закон треба да му ги даде на рецензентот, исто така ми нема исплатено три авторски текстови кои се отпечатени во нивните изданија и тоа од јули минатата година.

Доколку не одговорат на опомената пред тужба, ќе треба се докажувам на суд со издавачката куќа Нампрес од Скопје, а се што е во врска со случајот ќе подигнувам на интернет. Кога веќе решиле да не ми го платат хонорарот и да дадат повеќе пари за адвокат, редно е на издавачката куќа Нампрес да им го направaм животот “забавен” на интернет. А тоа покрај сајтот ги вклучува и сите мои блогови како и сметките на многу социјални мрежи како фејсбук, твитер итн … 🙂

Исто така Нампрес во едно од своите списанија, мартовскиот број на Комплетна, ми украле авторска фотографија за која ниту побарале дозвола, ниту пак ми исплатиле авторски хонорар. Доколку и на ова не одговорат позитивно, секако дека правдата ќе ја барам преку судските органи.

Мартинки

Мартинки од личната колекција на мојот брат

p.s. Текстот за Мартинките и мојата авторска фотографија се објавени оригинално на интернет на 07.03.2008 година.

Клучни зборови: Nampres, Nam press, Нампрес, Нам Прес, издавачка куќа, Izdavacka kukja, Скопје, Skopje

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here