Ова се некои написи на блогери пред да почне да се прикажува филмот Тајната книга:
А ова се коментари на некои блогери, откако го изгледале филмот:
Тајната книга: Борба на доброто и злото, светлината и темнината, борба со самите себеси
Кој е проблемот што толку малку луѓе се заинтересирани откако официјално почна да се прикажува Тајната книга, а како што велат гласилата, за една недела прикажување само илјада гледачи го виделе филмот.
Верувам дека постои и одговор кој повлекува еден поглобален проблем од типот – недоволна едуцираност за темата која е обработена во филмот. Луѓето се плашат од работи кои не ги знаат и познаваат. Следствено на тоа веројатно се појавува и некој своевиден отпор (како и кон се што е ново, непознато, недоволно дефинирано и неистражено) дека ако одат да го гледаат нема да го разберат до крај.
Не знам колку ќе помогне фактот што Јордан Плевнеш пишува книга за ,,Патот на Тајната книга”. Се надевам на овој начин, разјаснувајќи си самиот на себе некои работи, патем доволно јасно ќе им објасни и на сите заинтересирани, зошто Македонија треба да се стави на мапата на светски културни богатства. Меѓутоа за мене Тајната книга е едно необично експресивно и ретко уметничко дело со многу душа и емоции во себе. Македонскиот етнос е како хард-диск кој со текот на векови апсорбирал кодови кои ги вткал во сопствениот фолклор. Не верувам дека ако го правел некој друг филмов, би можел да го долови така како што го создале браќата Цветановски-Плевнеш. Од проста причина
Прво – затоа што не е од Балканот,
Второ – затоа што го нема во себе кодот на една нација која оставила трага во мозаикот на светската култура.
продолжува