Home Археологија Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…

Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…

17,522 views
3

Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје,9-14.

Археолошки дневник


 Менхири, Карнак - алинјемони

Самиот збор мегалит представува сложенка од двата грчки збора – мегалос (голем) и литос (камен).Кога ќе се каже дека е нешто мегалитско (гроб, обсерваторија итн.) се подразбира дека е направено од прилично огромни камења кои се употребени како основа за некаква структура или споменик. Ги има несекаде во светот. Некои се лоцирани вдолж Медитеранот, концентрирани во Западна Европа, или само во Англија. Сите тие архитектонски праисториски споменици, во суштина имаат свои составни елементи:


МенхирMенхир – (men-камен hir-долг) бретонски израз за еден исправен камен, монолит, вертикално вкопан во земја. Тие се основата на многу праисториски мегалитски споменици во З. Европа. Можат да бидат распоредени линиски (алинјемони–  како на пр. Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Мехнирите пак се омилена тема за шпекулација во псеудоархеологијата. Но толку се препознатливи од праисториските култури што дури од време на време ќе се се појават и во некој друг медиум (како на пр. Астерикс).

Трилит – структура која се состои од три огромни камени блока. Два од нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како архитрафна греда. Може да биде и составен елемент од некој хенџ.

ДолменДолмен – (tol-маса, men-камен) или камена маса. Стар бретонски израз за да се означат камените гробни конструкции во вид на џиновски маси, бидејќи навистина така и изгледаат. Можат да бидат составени од два исправени камена и еден хоризонтален кој налегнува во нив (формирајќи ја буквата П) па се до групација од такви камења. Најчесто се состојат од три до шест големи камени блокови вкопани во земја преку кои е положена огромна камена плоча.


ХенџХенџ – кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот им е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога излегува на денот на летната долгодневица (1,2) или зимската краткодневица. Можат да бидат составени од компоненти кои вклучуваат – камени седишта, камени кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн…

Теориите за што можеле да бидат употребувани овие хенџови ќе ги оставам за друг пат. Но најчесто се поврзуваат со култни ритуали и астрономски обсерватории.Инаку целиот овој текст беше поттикнат од неодамнешното пронаоѓање на еден оваков хенџ во Германија стар 7000 години, за кој неофицијално е потврдено дека е можеби најстарата мегалитска праисториска обсерваторија во светот.

Хенџ

Имам чувство дека во ерата на водолија и пронаоѓањето на нашето Кокино, одеднаш почнаа да се откриваат мегалитски обсерватории насекаде низ светов кои вообичаено се компарираат со Стоунхенџ во Англија. За сега не можам да ја фатам нишката. Барем не на научна основа.*

Kлучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

яндекс

3 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here