Дома Антропологија Втори јануари: Денот на Св. Игнат или Прв Божиќ

Втори јануари: Денот на Св. Игнат или Прв Божиќ

298 views
1

Во македонската народна традиција за месецот јануари постои едно многу убаво именување, коложег. Месецот јануари или коложег во македонскиот народен календар траел од Свети Игнат до Василица и токму поради тоа годината имала 13 месеци. Ова е месец во кој се горат голем број дрва за загревање на домовите, но дрвата се палат и симболично, за да се означат одредени празнувања.

Денешниов ден се нарекува уште и „Прв Божиќ“, бидејќи почнуваат подготовките за еден од најголемите празници во православниот свет – Христовото раѓање или Божиќ. Денот е посветен на Св. Игнат, кој е предвесник за бадникот, но со него почнуваат и дузина на свечености поврзани со зимските месеци. Според народното верување, тоа што ќе го правите денес, ќе го правите целата година, затоа внимавајте и бидете практични. 🙂

Неколку коментари на мојот фејсбук профил точно ја илустрираат оваа традиција за Св. Игнат која сѐ уште живо се практикува кај македонскиот народ. Ленче Крлевска родум од Цапари која денес живее во Аврстралија, сведочи за уште едно локално верување. Таа се сеќава: „Старите велеа од Игнат почнува денот да се дигнува (зголемува), колку пиле во јајце што мрднува, а до 31 јануари треба да биди (не сум баш сигурна 100% сум забораела) мислам 30 минути поголем“. Јана Мелоска Петрова родум од Скопје, пак си спомнува: „Од Варвара до Игнат се заварува денот, стои толку колку што е, не се менува. Од Игнат почнува да се зголемува за минута и пол секој ден“, работи кои самата ги научила а делумно ѝ биле споделени и од страна на својот свек0р кој ѝ пренел сегменти од верувањата за оваа традиција.

Со бадникот пак е секако поврзано и бадниково гранче кое луѓето најчесто го кршат од дабот. Дабот кај многу народи, вклучително и во традиционалните македонски верувања се смета за дрво на кое му се припишува волшебна моќ со која го штити домот од оган и гром. Не знам дали ви е познато дека на фински јазик јануари се вика tammikuu, што значи месец на дабот и што е всушност многу логично ако се земе предвид дека дабот одиграл голема улога во религиозниот живот на територијата на Европа пред почетокот на христијанството, но секако и многу подоцна се сретнува кај разните локални митологии. 🔥🌳🔥

Во Македонија, особено во коложег се преклопиле голем број на традиционални народни верувања со христијанските празници и создале убава симбиоза од наследство на кое треба да се гордееме.

1 КОМЕНТАР

  1. Bravoooooo Vasilka što gi pišuvaš ovie textovi za praznicite , za običaite za tradiciite . Ako ne se zapisani lesno se zaboravaat . Januari e celiot skoro ispolnet so praznici koj vo sekoe selo se praznuvaat na različen način so različni običai . Za ošto ss različni ????? Mislam zatoa što običaite ne se povrzani so religijata i VERATA nego se izmisleni NO SEPAK SE INTERESNI ZATOA I TRADICIONALNO GI PRODOLŹUVAME . Vo moeto selo Capari preteżno počnuvame od 5 Januari so priprema na koledarskite lepčinja za naredniot den KOLEDE ( Badnik) . Vo druga prilika koga ke pišuvaš za toj den ke napišam kako se proslavuva vo moeto selo . Site običai za praznicite gi imam zapisano vo tetratka .

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име