Home Cпонзорирано Интерпретацијата на наследството како бизнис модел

Интерпретацијата на наследството како бизнис модел

432 views
0

На 05.11.2022 во Офицерскиот дом во Битола на покана од Програмата за зачувување на природата (која функционира со поддршка на Владата на Швајцарија) држев кратка обука/предавање за интерпретација на наследството на грантистите кои се дел од потпрограмата Со грижа до бериќет.

Имав привилегија на поголема група присутни да им доловам што точно значи и што сѐ опфаќа интерпретацијата на наследството, моќна алатка која се употребува за да се оплемени природното и/или културното наследство. Интерпетацијата опфаќа познавање и вештини од многу сфери кои придонесуваат за оддржливоста на наследството помеѓу коишто спаѓаат менаџмент, визуелизација, промоција но најмногу од сѐ комуникација во врска со одредена тема која е предмет на интерес. Од таа причина многу е важно на кој начин се употребуваат алатките за толкување, бидејќи тие треба да овозможат искуство на посетителите што ќе го паметат цел живот.

Како лиценциран интерпретатор за наследство и тренер за обучување на кадри, но и како некој којшто со децении се занимава професионално со ова тематика можам да потврдам дека познавањето на оваа одлична бизнис алатка може да ја зголеми видливоста за проектите/продуктите/програмата што некој ја работи, бидејќи се разликува од дузина навидум слични модели поради уникатноста на својата презентација којашто учесниците на некој настан каде што се презентира, ја паметат доживотно. Слично онака како што тоа го доживејаа и присутните во Офицерскиот дом од Битола кои по сеопфатната презентација добија инспирација за милион нови идеи за реализација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here