Home Археологија Лични приказни – Како се сака Скопје преку истражување

Лични приказни – Како се сака Скопје преку истражување

3,180 views
0

Скопје e град во кој сум родена, град кој го сакам, го живеам, го сонувам, го проучувам и публикувам, ја промовирам неговата култура и културно наследство. За мене Скопје е љубов, но и вечна инспирација која сакам да ја споделувам со луѓето на секаков можен медиум.

Ова е мојата приказна за Скопје во емисијата „Неделен магазин“ со авторката и новинар Каролина Петковска посветена токму на промоција на културното наследство на Скопје. Емисијата се емитуваше на 11.11.2018 на МРТВ 1, а доживеа уште неколку репризи.

Ќе слушнете за проектите од различни временски периоди кои ги работиме со ХАЕМУС за Скопје, но и за мојата интимна и лична поврзаност и љубовта кон мојот роден град. Секојпат сум благодарна за можност да споделам дел од моето знаење, искуство и посветеност кон Скопје ❤🇲🇰🏛

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here