Home Антропологија Тура низ Отоманското наследство на Скопје за Меѓународниот ден на музеите 2015

Тура низ Отоманското наследство на Скопје за Меѓународниот ден на музеите 2015

2,674 views
0

По повод ‘Меѓународниот ден на музеите2015

 Kaver-za-fb

Меѓународниот ден на музеите е прослава која во светот од 1977 година па наваму, традиционално се организира на 18. мај или во тој период. Во нејзините рамки се вклучени илјадници музеи од светот, а се практикуваат најразлични настани како посети на археолошки поставки, тури до локалитети и изложби кои се дел од локалните музеи, а треба да го привлечат вниманието на луѓето пред се кон сопственото културно-историско наследство. До 2013 година, настанот ги урна сите рекорди со учество на околу 35 000 музеи од 143 земји во светот, кои беа домаќини на најразлични случувања.

Оваа година, Меѓународниот ден на музеите, тематски е насловен како ‘Музеите за самоодржлив развој на општeството’. По овој повод “УНЕСКО Клубот ХАЕМУС“  во соработка со Музејот на град Скопје, а поддржан од програмата “Go2Macedonia” на Т.А. Арбо Травел, ќе реализира полудневна ексурзија насловена како: ‘Тура низ Отоманското наследство на Скопје’. Турата ќе ги опфати културно-историските споменици кои се изградиле од моментот на доаѓањето на Турците во Македонија, во јануари 1391 година, па се до Балканските војни и о(п)станале до ден денска во автентична или реконструирана форма.

[youtube]Qbz0jq5wWh8[/youtube]

Моето гостување во утринската програма на Телма телевизија
по повод Турата низ Отоманското наследство на Скопје 2015

Итинерар: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, историскиот дел на Скопје познат како Старата Скопска чаршија (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопското Кале.

Во турата е вклучен и Музејот на Старата Скопска чаршија, бидејќи целта на оваа екскурзија е посета на локалните музеи кои треба да го привлечат вниманието на луѓето кон културното наследство на Република Македонија.

Цената на еден ваучер е 250 мкд. и од 11.05.2015 (понеделник) влезниците ќе можат да се купат во Т.А. Арбо Травел на бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, Скопје (Бизнис Центар Буњаковец).

[youtube]ivZNhi_szaM[/youtube]

Моето гостување во утринската програма на Македонската телевизија
по повод Турата низ Отоманското наследство на Скопје 2015

 

Датум: 24.05.2015 (недела)
Зборно место: Пред портата на Стара чаршија (влезот од Бит пазар)
Време на поаѓање: 10:00 ч.
Времетраење: 3 – 3,5 часа
Цена: 250 мкд. по човек (Влезниците се ограничени и се купуваат во T.A. Арбо Травел)
Водич: Димитровска Василка, магистер по археологија и професионален туристички водич
Организатор: Хаемус – центар за научно истражување и промоција на културата

За Меѓународниот ден на музеите, ХАЕМУС, T.A. Арбо Травел и Музејот на град Скопје ви посакуваат многу дружење, забава да научите и по нешто ново за својата и за другите култури и обичаи со кои сме секојдневно опкружени.

Настанот со своја страница на Фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here