Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, ве поканува на предавањето „Балканот како патека за најраното раселување на Homo sapiens кон Европа“, од проф. д-р. Николај Спасов, на ден 06.07.2013 год. (сабота), во Природонаучен музеј – Скопје, со почеток во 11:00 часот.
Тема: „Балканот како патека за најраното раселување на Homo sapiens кон Европа“
Повод: Истражувањата на проф. д-р. Николај Спасов укажуваат дека низ Балканскиот полуостров поминале првите миграции на луѓето во Европа. За палеонтолошките откритија говорат и многуте наоди, како и пронајдени заби на хоминид, кој од страна на науката е веќе признат како последниот хоминид кој живеел во Европа. Во текот на својата работа проф. д-р. Спасов открива траги од миграцијата на животинските видови од исток кон територијата на Балканот кои се случиле во периодот пред околу 2 милиона години. Тие миграции му дават основа за хипотезата дека првото навлегување на човечкиот род во Европа веројатно се одвивало пред околу 1.9-1.5 милиони години – значително порано од досегашните тврдења, дека првите луѓе почнале да ја населуваат Европа пред околу 1 милион години. Повеќе за времето и патиштата на раселувањето на првите луѓе, како и за природната околина (животна средина) од тоа време, проф. Спасов ќе раскаже за време на предавањето.
Инфо за предавачот: Николај Спасов е бугарски палеонтолог и директор на Националниот Природонаучeн музеј во Бугарија, со седиште во Софија. Неговиот научен интерес е насочен кон зоологијата како и екологијата и распространувањето на ‘рбетниците во минатото. Тој е учесник на голем број археолошки ископувања во Бугарија и Европа, автор е на повеќе книги, монографии и над 170 научни публикации од областа на таксономијата, морфологијата и еволуцијата на родот Macromamalia.
Настанот со своја страница на фејсбук