Дома Историја Предавање: Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и...

Предавање: Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста

2,277 views
0

Во името на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, имам чест да ве поканам на предавањето „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“, од проф. д-р. Далибор Јовановски, на ден 23.05.2013 год. (четврток), во Музеј на град Скопје, со почеток во 19:00 часот.

Тема: „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“

Повод: Спорот помеу Република Македонија и Грција околу нашето право на користење на името Македонија и етнонимот Македoнец? Македонци, за жал, повеќе од дваесет години е пречка за нормален развој на нашата држава. Нашите желби за меѓународно признавање, членство во меѓународните организации (1.ОН, ОБСЕ, Совет на Европа, – до 1995 година; 2. ЕУ и НАТО) наидуваше и наидува на силно спротиставување од страна на јужниот сосед. Една од причините за таквиот став и однос на Грција кон нашата земја е и историјата. Некои велат и главна причина. Во Република Македонија, досега, малку се посветуваше внимание околу грчките тврдења за македонското минато. Еден дел од оние кои говореа за таа тема не беа научници. Малкумина се обидуваа и обидуваат да ја анализираат грчката позиција низ призмата на историјата. Затоа е потребно јавноста, повремено, да биде запознавана со некои погледи кои можат да придонесат за подобро согледување на грчките позиции и аргументи.

Инфо за предавачот: Далибор Јовановски е македонски историчар и професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Скопје). Неговиот научен интерес е насочен кон историјата на Балканот, историјата на современата грчка држава и нејзиниот однос кон Македонија во минатото. Тој е автор на повеќе книги, статии и учесник на повеќе конференции во Република Македонија и во странство.

Настанот со своја фејсбук страница

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име