Home Антропологија Публикации: Локалните ресурси за камени алатки во Амзабегово-Вршничката култура

Публикации: Локалните ресурси за камени алатки во Амзабегово-Вршничката култура

2,941 views
0

Во ноември 2012 година, во списанието Documenta Praehistorica (Vol. XXXIX, pp. 353-360) од печат излезе мојот последен научен труд за: ”Системот на локални ресурси за камени алатки во Амзабегово-вршничката култура од неолитот на Македонија”. Documenta Prahehistorica како зборник на трудови излегува еднашка годишно, вклученa е во European Reference Index for the Humanities (ERIH),  и несомнено со квалитетот на објавените статии спаѓа во едно од најцитираните списанија за балканската археологија, но и пошироко.

Во овој сублимиран труд ги презентирам моите неколку годишни истражувања и компарации на камените збирки кои припаѓаат на културната група Амзабегово-Вршник. Оваа култура која егзистирала во времето на неолитскиот период и се протегала во најголема мера низ источниот дел на Република Македонија, зад себе оставила прекрасни ракотворби. Познатите орнаменирани неолитски садови и женски фигурини ја привлекуваат домашната и светската научна јавност, но сепак и покрај тоа што е голем бројот на ископуваните локалитети, камените алатки не биле цел на некои подетални истражувања и публикации. Резултатите од моите претходни сознанија за камените ансамбли од неолитот, комбинирани со теренските проспекции како и анализите спроведени во лабараторија, ми овозможија да дојдам до одредени согледувања во врска со локациите кои се извор на камен материјал во овој праисториски период.

The system of local supply of stone tools in Amzabegovo-Vršnik culture from Neolithic Macedonia

Всушност, главната цел на овој труд ми беше да обрнам внимание токму на регионите во источна Македонија кои се богати со карпи и минерали, од каде неолитските луѓе веројатно црпеле/набавувале материјал кoј подоцна ќе им биде подлога од која ќе ги направат своите камени артефакти. За голема среќа на науката, во источниот дел на Република Македонија и ден денеска постојат повеќе праисториски рудници како и површински копови кои укажуваат на фактот дека неолитски заедници своите суровини за камени алатки ги набавувале од примарните или секундарните локални ресурси, а не преку трговија или размена како што претходно беше наведено во одредени публикации.

Овој труд е посветен на мојот геолог Недељко Ѓорѓевиќ, со кој работев на терен и кабинетски повеќе од 12 години, а во меѓувреме почина. Нему му ја посветив и целата магистерска теза која во 2011 година ја бранев на Филозофскиот факултет во Белград. Со секоја следна сработена камена збирка од територијата на Република Македонија, нашите сознанија за древните светови стануваат се побогати. Се што треба да направиме е тие сознанија да се публикуваат на англиски јазик и да бидат поставени на интернет. Достапни секому, тие претставуваат своевиден маркетинг и промоција на нашата држава и наука.

Citation: Dimitrovska V. 2012. The system of local supply of stone tools in Amzabegovo-Vršnik culture from Neolithic Macedonia. Documenta Praehistorica, XXXIX: 353-360. Ljubljana.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here