Во 2009 година, начиниот на кој политиката од секојдневниот живот се прекрши низ призмата на археологијата, во Македонија беше означен како “антиквизација”. Овој термин со нејасно етимолошко потекло непознат на македонската археолошка наука, за прв пат се појави на 16.02.2009 на сајтот на СДСМ. Погрешно интерпретиран од одредена умислена интелектуалната елита, ова именување беше со цел да се исмејат вложувањата во културата и културното наследство, на актуелната Влада на РМ. Всушност зборот антиквизација потекна од форсирањето на античкиот (antiquity) елемент како најважен во етничкиот субстрат на денешната македонска нација, со фокус на темите околу периодот на владеењето на Александар Македонски.
[slideshare id=2305299&doc=fromtransitiontoantiquisation-091021034706-phpapp02]
View more presentations from Vasilka Dimitrovska
И така, не испаднавме само глупави како нација, него му бевме и забавни на светот со цела една низа на настани која започна со нашиот спор со јужниот сосед за името, ветото за влез во НАТО, правото над територијата на Кралството на Античките Македонци, трагањето по нашиот идентитет пред се антички за сметка на долго прокламираниот словенски, политизација на археологијата заради катастрофалните изјави на одредени археолози и нивната склоност кон сензационализми, па се до пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски, детектирањето на неговиот дух со помош на сомнителни енергетски ентитети, реименувањето на стадионот во арена Филип II и аеродромот во Александар Велики, градењето на неокласични (антички) објекти во срцето на главниот град како дел од Проектот 2014, и најсетне – огромна статуа на Александар Македонски на коњ која треба да биде поставена на плоштадот во Скопје.
Поглавјето за антиквизацијата ниту го сфатив, ниту го третирав сериозно, бидејќи воопшто не беше поткрепено со ниту еден научен факт или доказ. Во меѓувреме, археолозите во Македонија во последните 3 години константно работеа под пресија од јавноста, која притоа заборави дека всушност тие се повиканите и единствените истражувачи кои можат научно да ги толкуваат пронајдените наоди, наместо да ископуваат под притисок од 986 хектопаскали плашејќи се да дадат изјава во медиумите за да таа не добие политичка конотација.
Од аспект на „степенот на вистинитоста на една постапка” која е темел на науката, сметам дека постојат неколку причини поради кои не би смеело да се пречекори лимитот на науката и да се создадат митови за етногенезата на една нација. Прво, затоа што ваквите студии се тешка кич митологија, а второ заради тоа што политика до толку ги извулгаризира културните добра во Македонија, што многу долго ќе ни треба да го исчистиме отпадот кој ги контаминираше националните традиции и науката со политички проблеми.
Единствениот начин да се амортизира една ваква политизирана ситуација на културното наследство е преку публикување на научни трудови на одредена тематика, во овој случај од античкиот период. Сметам дека книгата „Античка Македонија – критички приод кон интерпретацијата на историјата и историографијата“ од Елеонора Петрова и Наталија Поповска, да се појавеше на почетокот од транзицијата во 90ите години од 20 век, кога Македонија како нова држава имаше потреба да го докаже својот идентитет на хартија, ќе го сторевме тоа полесно преку научната мисла, а не како до сега преку политиката.
Не е спорно дека Античките Македонци имале свој јазик, култура и обичаи различни од Хелените, но исто така не е спорно и тоа дека територијата на нивното кралство се протегала во сегашните границите на Република Грција, а само мал дел од јужна Македонија припаѓал на оваа моќна империја. Така древниот град Антигонеја крај Неготино, именуван по еден од четворицата генерали на Александар Македонски кои владеел по неговата смрт, не си го избори заслуженото медиумско место во оваа папазјанија. Исто тоа се однесува и на илјадниците наоди заробени по депоата и стотиците утврдувања (и градови) од периодот на владеењето на Александар Македонски, а одредени археолози/историчари кои со години работат на овој топик не добија ниту денар за публикација на своите тези и книги.
[youtube]iJUKAlzsFxM[/youtube]
Авторките на книгата Античка Македонија го повикуваат
на јавна дебата актуелниот претседател на РМ, г-дин Иванов
Заклучок:
Од праисторијата до денес, сите новокомпонирани народи се синтеза на култури и на биолошки комбинации. Дефинирањето и врамувањето на еден народ во крути рамки е скоро невозможно оти “народот” не е еден народ, туку конгломерат, културна мешавина. Кога веќе зборуваме за субстрати кои довеле до формирањето на денешната македонска нација и лажните дилеми дали Македонците се антички или словенски, кој ќе ми забрани да кажам дека чувствувам оти -”Во моите вени тече Пајонска крв“! Зошто при споменување на древните “домородни населенија” Пајонците се неправедно запоставени, а со тоа да кажеме и Пелагонците, или Бригите (Фригите) итн …? Во исто време со кралството на Античките Македонци, на територијата на денешна Република Македонија егзистирало кралството на Античките Пајонци кои биле по многу нешта слични, но и различни од Македонците, а во еден историски момент биле покорени од нив и претворени во вазали. Во јавноста многу малку се знае за Пајонците, и покрај постоењето на научни публикувани трудови, а да не зборуваме пак за нивните запуштени монументални гробници кои се наоѓаат околу Скопје.
[youtube]wr5J18NWFfM&[/youtube]
Гробница на Пајонците во скопското с. Бразда
комплетно запуштена со прекрасна вегетација
Ако историјата делумно и во ограничена мера може да ни одговори на прашањето “Кои сме ние”, тогаш археологијата дефинитивно во многу поголем обем а со многу помала контроверзност, ни кажува “Кои не сме ние”. Науката како археологијата треба да го анализира светот онаков каков што е, а не да има мислења за тоа каков би требало да биде. А ова е се поради поради фактот што во Македонија има многу неморал, а премалку објективност кај научниците. Ако хипотезата го помине тестот, може да стане теорија, а не вистина. Само кај нас може да се случи квазинауката да има техники за креирање на вистината, со свои перфидни методи. Не рекол за џабе Прокопиј Кесариски во неговата ‘Тајна историја’ дека ‘историчарот спротивно од поетот треба да се стреми кон вистината, а не кон поезијата’. Затоа, доста е изигравање на талентирани политички писатели, стигна времето на талентираните научници кои во најмала рака ја имаат барем технологијата на 21 век на дланка, за да го публикуваат своето мислење.
Линкуваниот текст од Кирил Трајковски кажува скоро се.
Многу е едноставно
🙂
Словен – следбеник на Словото
Кој е Слово ?
– ИСУС
“Во почетокот беше Исус и Исус беше со Бога ”
Бог + Исус
Бог +Слово – Богословија.
Термин изведен од Слово е терминот на верата ПрвоСловие или денес Православие .
кој е различен од терминот Enclave ,кој е извод од Slaviniae што е воено админ.термини на Рим, во кој живееле Sclavi
Многу добар текст, браво