Home Археологија Сексот поскап од научна теза за титула

Сексот поскап од научна теза за титула

2,922 views
3

Почна веќе и јавно по медиумите да се зборува за еден акутен проблем на македонското општество, фалсификување на магистерски и докторски тези, кои се купуваат и за 20 000 ден. Сепак треба да се има во предвид дека за да ги одбранат сввоите тези, на идните магистри и доктори на науки некој тоа им го дозволил, а тие имиња стојат на насловната од одбранетите трудови. Исто така, треба да се запрашате и зошто на некои катедри и институти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во моментов се стопирани уписите на идните ‘експерти’, вклучително со Институтот за историја на уметноста и археологија.

Да не сака некој можеби да му напишам магистерска за културно наследство?! Но мора да знае дека после тоа ќе следи дополнително јавно расчеречување на плоштад, како гратис PR за тезата! Патем имам колеги кои се мр и др по археологија ама не смеат да ги објават своите тези оти цел свет ќе им се смее на глупостите. Може треба да објавам некоја таква теза на интернет, да биде задоволството, сеирот, а богами и импактот поголем! 😉

3 COMMENTs

  1. Види вака сеа… тотално се сложувам со ова горе…
    Ќе ти кажам за мене… Јас се мачам, пишувам пример критика за некоја книга, знаеш ја читам ја обработувам недела дена книгата, а некој ќе ја купи истата семинарска само со пар реченици променето и кај истиот професор ќе добие повеќе поени од мене.. зошто? Бидејќи е напишана од професионалец а не од студент… и после тој ќе има поголема оцена од мене…

    не е добро вака 😀

  2. Па, ајде, направи га тој, објави ги!
    Биди АрхеоЛикс.

    БибЉотеке по факултети не ни ги давав “м-р, д-р, о-п к-у-р м-о-ј” трудови да ги прелистамо.

    Дај овде локално да ги демистифицирамо величине, па да се види како ќе рипне број на метлачи и молери и остали занаетчие, а не укопани забутотњаци по кабинети да се множив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here