Home Антропологија Како од строга наука до нејзина популаризација

Како од строга наука до нејзина популаризација

2,294 views
0

Отесекогаш сум сметала дека науката треба да излезе од своите крути академски кулоари и да биде применета во секојдневниот живот, инаку чуму толкаво трошење на енергија и ментален капацитет, ако трудот на еден истражувач остане неприменлив и вон перцепцијата на обичните луѓе. Популаризација, или би рекла адаптирање на високата научна мисла за таа да биде разбрана од широките народни маси, овозможува нејзина подобра контекстуалзизација во поглед на тоа да биде апсорбирана, преџвакана, инкорпорирана, па дури и надмината.

За разлика од порано денеска со помош на новите медиуми и социјалните мрежи, постои цел спектар на алатки со кои поединец или група на луѓе може да ја приближат науката до сите луѓе без поголеми финансиски трошоци, а притоа оставаат дигитален документ како сведоштво за своите размисли и работа. Во прилог се вгнездени две презентации одржани во рамките на независно организираниот TED настан. Верувам дека ќе ви предизвикаат буица од интересни тези и размислувања.

[youtube]88AkdxutbKU[/youtube]

Мрзливи во преводот од јазикот кон светогледот и назад
Илина Јакимовска

[youtube]wtIP8NEsa_0[/youtube]

Човековиот труд меѓу практиката и спознанието
Никос Чаусидис

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here