Home Археологија Изложби: Некропола Гробана

Изложби: Некропола Гробана

1,808 views
0

Во рамките на Европските денови на културно наследство кои се практикуваат од страна на многу институции во светот, некои локални музеи во Република Македонија направија напор да постават привремени изложби преку кои ќе го изложат археолошкиот материјал кој е ископуван во текот на изминатата година.

Изложбата под наслов ‘Некропола Гробана’ е привремена поставка во реализација на Музејот во Виница, каде се вклучени наоди кои се најдени при археолошките ископувања на овој локалитет. Можеби не се работи за толку атрактивен материјал, но сепак ова се информации со кои се добива една подетална слика на цивилизациите кои ја населувале нашата држава. Изложбата ќе биде отворена од 28.09-12.10, 2010 год.

Фотографиите, сопственост на Музејот ‘Теракота’ во Виница се позајмени од официјалната фејсбук страна на оваа институција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here