Home Археологија Ставови – Нација во изградба на Јутјуб

Ставови – Нација во изградба на Јутјуб

1,880 views
0

[youtube]pSUkDArh43w[/youtube]

Тамам решив да одморам малку од твитер кога некој го сподели линкот кон постот (заедно со коментарот за видеото) од ставот на Вуна што го напишал за порталот Окно. Став кој треба да го почитуваме како таков, иако не мора да се сложиме со него. Сепак едно морам да дополнам. Независно дали пишувам за првиот кондом како артефакт или за измислено античко оро, секогаш оној со недостаток на идентитет рипнува во одбрана, па независно од темата која сум ја начнала се редат политички коментари и се колнат мајки и шајки. Последново особено се однесува за моите постови на блогот, додека тука на сајтот коментарите се поретки. Ваквите дебати најчесто во рамките на т.н. ‘дијалог на глувите’ вообичаено завршуваат онака како што почнуваат, без било каков заклучок или придонес кон решавање на некои проблеми или општествени прашања. Ова го нагласувам бидејќи сметам дека е блогосферата последниот бастион на демократското мислење кој се уште не е контаминиран во доволна мера, за да биде надминат. А од друга страна е моќен медиум кој не може да се игнорира.

На последната Glocal конференција настапив со презентацијата From transition to antiquisation, through and beyond the new media in Macedonia, која потралот IT.com.mk ја окарактеризира како политички настап, небаре сум потпарол на некоја политичка партија. Се обидов да објаснам дека процесот на транзиција не донесе некои поголеми промени во сферата на културното наследство (вклучувајќи ја и археологијата). И како што често бива ниту сме првата, ниту последната земја која под закрилата на минатото ги води тековните политички процесите за признавање на една држава под нејзиното уставно име.

Еве на пример, јас не сум цело време политички коректна. Честопати во моите текстови мислам на ”држава”, а велам ”Македонците”. Постојано пишувам за ”идентитетот” и го поставувам прашањето дали можеме во сегашноста да го потврдиме сопственото минато? Или од неговата таинственост како негација пред заграда ќе замолчиме со уверувањето дека (не)сме ние децата (продукти) на сопствените проекции кои вековно постоеле пред нас. Дали треба постојано да бидеме неутрални? Јас лично, не познавам објективен човек!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here