“Замислете да постоиме без минато, да не се сеќаваме на ништо од историјата. Светот да не познава океани, планини, сонце и месечина. Да го живееме секој ден во потрага по сеќавањата за нас и Земјата, впишани во дигитални записи кои лебдат некаде во етерот. Работиме само на тоа да ги „откопаме“, анализираме и дотераме тие записи на слики, да ги подредуваме и да ги ставаме во некаков контекст, нaдевајќи се дека ќе ја откриеме вистината за светот кој некогаш не’ опкружувал. Се’ додека не ја откриеме…”
…Pale Cocoon, кратка sci-fi анимација, за реалноста која следи, ако продолжиме да се однесуваме безгрижно со светот окoлу нас…”
Замислете да работите како археолог таму некаде во иднината, кога се од нашето совремие ќе биде само едно далечно, замаглено и заборавено минато. И покрај тоа што технологијата отишла многу напред, поголем дел од сеќавањата е заборавени и складиран во архиви на податоци кои се многу оштетени, тешко се пронаоѓаат и реставрираат. Во т.н. Archive Excavation Department работат луѓе кои се обидуваат да ја реконструираат човечката историја многу време пред таа да биде уништена од ниската свесност на луѓето за околината и за светот. Дали потрагата по знаењето за минатато ќе го смени светогледот и ќе донесе радост, или тага?
Ќе размислувам на оваа тематика, па дополнително ќе пишам. До тогаш, благодарам за прекрасното аниме во една пролетна скопска хаику вечер.