Сите поранешни цивилизации независно дали е тоа арапската, римската или некоја друга, во времето на своето егзистирање се простирале на големи територии опфаќајќи повеќе денешни држави. Отткука прилично интересна ми е Јапонија. Јапонската цивилизација на некој начин е ендемска, бидејќи за разлика од многу други земји, веројатно е еднинствена каде границите на нејзината културата се поклопуваат со границите на простирањето на државата.
Се чини дека Јапонците задржале се што е можно поавтентично од својата култура, со која е запознаен и остатокот од светот: кимоно, икебана, гејшите, архитектурата, церемонијата при пиење на чај, калиграфија, боречки вештини и др. Во последните години Јапонија се смета за една од најбогатите земји во светот, меѓутоа нејзините жители се соочуват со проблемот каде да ги потрошат парите навор од нивната држава. Затоа и не треба да чуди трендот дека Јапонија и јапонците се појавуваат како купувачи на најскапоцените уметнички дела од рангот на : Сезан, Гоген, Реноар, Матис …
Она што сакам да го нагласам во овој текст не е само културната политика на една земја која се труди да ја задржи автентичноста. Туку неоспорниот факт кој на Европа и се случува кон крајот на 20-от и 21-от век. Истото она кое се случило со Африка и Азија во претходните векови. Врвни уметнички достигнувања кои се настанати во сферата на една култура, стануваат сопственост и трофеј на музеите во друга култура.
Се поставува прашањето дали од толку многу создавање на “културна индустрија” – “едукацијата” со достигнувањата од минатото неминовно води кон културна индустријализација. A музеите и нивните поставки ја претставуваа уметноста само низ призмата на економијата, која пак доаѓа како резултат на прилагодувањето кон пазарот. На крај краева, никој денска не е рамнодушен кон бројот на посетителите во еден музеј, нели!?
Навистина мн. интересно, посебно за оние кој од срце ја сакаат Јапонија, како на пријар- ЈАС