Home Антропологија Рацете на уметниците

Рацете на уметниците

2,088 views
0

 

На времето кога полагав приемен испит за на факултет, ми се падна прашањето: Дали биле современици Албрехт Дирер и Сандро Ботичели. По кратко размислување одговорив – Не. Користејќи ја визуелната логика, го споредив сликарството на Дирер со она на уметниците од Ренесансата, и ми се виде сосема поинакво.

На оваа случка се сетив откако го прочитав написот во Политикин Забавник за сликата ,,Раце” на Дирер. Уметникот ја насликал во најдлабока жалост во спомен на својот брат кој добил тешки повреди на рацете од работата на полето, додека во меѓувреме Дирер продавал слики за да му обезбеди школување. Сликата во исто време е израз и на најдлабока благодарност и на најдлабока тага.

Иако неговите дела не се така лепршаво вдахновени како оние на ренесансните уметници, сепак Дирер кој бил колку мислител, толку уметник, слободно може да се постави во историјата на уметноста покрај Леонардо и Микеланџело. Можеби не толку многу по својата тематика, но според временскиот период творештвото на Дирер сепак спаѓа во ремек делата на Ренесансата. Колку за споредба, еве некои негови современици кој ја допреле истата тематика – ,,Раце“, но од еден сосема поинаков агол.

Michelangelo-hands-detail

Rafael-Santi-Hands

Рацете се оние кои водат, укажуваат, покажуваат. Кои упатуваат, пронаоѓаат, кои подаруваат и земаат. Раце кои молат, преколнуваат, раце кои живот даваат, раце кои создаваат, благословуваат. Во зависност од етникумот, народната религија и симболизмот, рацете можат да имаат најразлично толкување.

Антрополозите сметаат дека гестот на подигнување или испружување на раката за да се покаже што човекот гледа, е желба да се допре некој или нешто кое е се уште вон сопствениот (личниот) досег. Па сепак рацете можат да симболизираат многу работи во зависност од нивната позиција и движење. Но Body language е засебна наука за гестикулациите на телото, а не за личниот отпечаток на уметниците врз платното, кој честопати за нас останува мистериозно неразјаснет.

Во секој случај ете јас ви подавам пријателска рака. И ве канам на една прошетка по мојот сајт. Се надевам во него ќе ги внесете само своите виртуелни стапки, а од него ќе го понесете мирот и спокојството. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here