Home Археологија Меѓународна ревија на археолошки филмови

Меѓународна ревија на археолошки филмови

3,463 views
2

Од денеска до 11 Март 2008 година во Атриумот на Народниот музеј од Белград, по деветти пат ќе се одржи Меѓународната ревија на археолошки филмови. Комплетната програма на ревијата за оваа година опфаќа вкупно 24 дела кои доаѓаат од осум европски земји.

Оваа Ревија (колу што мене ме држи помнењето) само еднашка беше донесена во Македонија, во 2003 година, и тоа најмногу благодарение на Гете институтот од Белград, како и Француските културни центари и Италијанските институти за култура кои работат во Србија и Македонија.

Со оглед на актуелната економска состојба во Република Македонија која е во вечна транзиција, очигледно е дека Владата и Министерството за култура или немаат доволно средства или ,,немаат доволно интерес” повторно да донесат во државава научно-образовни содржини кои се од едукативен карактер и со чија помош акцентот ќе се стави како на домашното, така и на светското културно наследство, имајќи ја археологијата како линк која ги поврзува останатите приказни во полето на палеонтологијата, историјата, етнологијата, уметноста, туризмот, комјутерските техники и тн.

Наместо толку пари фрлени по бесмислени проекти, работилници и семинари, книжулчиња преку кои се испрале пари и лигави налицкани брошурки кои загинале по контејнерите притоа не пренесувајќи конкретна информација за било какво културно-историското наследство, една ваква ревија на филмови само би го подигнале и би го зајакнале културниот идентитет кои се трудат да ни го разнишаат на сите можни начини.

И што друго да додадам по овој повод. Правете си сами филмчиња и клипчиња и ставајте ги на youtube. Белким некогаш и некаде, некој ќе има аир од нив.

Црквата Св.Спас, Скопје – homade by Кибицер

[youtube]n8IuhAgjEho[/youtube]


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , ,

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here