Home Антропологија Барака (2) – во позадината на (не)свесното

Барака (2) – во позадината на (не)свесното

5,448 views
0

 

Во овој краток видео клип каде наратор е самиот режисер Ron Fricke, дадено е објаснувањето за духовната димензија на документарниот филм Барака. Секвенците ни ја покажуваат позадината на филмот чие снимање се одвивало три години, на 24 различни локации низ светот, правејќи една невидлива конекција помеѓу Тибетантските монаси, Ортодоксните свештеници, Евреите и Дервишите кои преку навидум различните ритуали, всушност покажуваат многу сличности.

[youtube]7QxtjaiXvcg[/youtube]

Како што веќе наведов во мојот претходен пост, ние живееме во време кога не можеме да ги контролираме нашите мисли, туку тие се делумно “насочувани” од мас-медиумите. Одвоен од природата, а сплотен во љубов со бетонската џунгла, човекот ги загубил сите невербални контакти со неа. На нам визуелното искуство не ни доаѓа ниту од очите, ниту од мозокот. И наместо да се сврти кон природата, кон мајката Тера, и од неа да црпи инспирација, еден дел од човечкиот мозок во борбата за превласт и доминацијаа во новиот светски поредок е со животинските вредности пропратени со надворешни стимуланси и психоделични последици кои се мотив за еден феномен на реверзибилни процеси, концепции и спиритуални искуства, во делот од свесноста каде се заборавени основните човечки вредности.

Овој документарен филм (пред се со етнолошка подлога) во која е вткаено колективното културно наследство, опишува најразлични аспекти на релацијата човек <-> природа <-> спиритуалност <-> филозофија на животот. Еден непрестајно реверзибилен и кружен циклус. Една есенцијално безвременски обликувана концепција. Еден несоборлив контекст на кружење на енергијата низ природата кој го поставува прашањето – Живееме ли сите ние со нашата Baraka? Треба да ја пронајдеме? Или самите да ја создадеме?

Филмот може да се симне тука, или евентуално преку некој торент. Музиката може да се download-ира благодарение на figmentmusic.

продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here