Дома Лично When Arwena met Gandalf

When Arwena met Gandalf

4,482 views
10

 

Колку пати во животот сте посакале да станете славна личност? Колку пати во вашата фантазија сте се претворале во атрактивно облечени аристократи кои знаат што сакаат, кои ги пленат луѓето околку себе, шармантни сте и духовити. Во нашата фантазија ние сме ѕвезди. Но кога ќе се заврши претставата и апаратот за фантазирање ќе се исклучи, повторно се враќаме на нашиот живот. И тогаш се прашуваме зошто сме така несоодветно обликувани и не сме така самоуверени. Хм..

Сте присуствувале ли некогаш на снимање на филм? Или тој се одвивал само во вашата глава? За оние кои не веруваат дека постои и другата страна на сонот, можеби некој следен пат ќе ви објаснам каде и како да го уловите. Секако … со ловец на соништата 🙂

10 КОМЕНТАРИ

  1. Арвена,моментално се замислувам дека сум супер ѕвезда. Знаеш зошто? Затоа што испратив текстови за Супер ѕвезда, па очекувам да ме има под текстописец.
    Потпис: ловец на соништа – Кликер.
    Поооздрав.

  2. Voodoo,

    типот е англичанец. И сликата не е фотомонтажа. Доволно. 🙂

  3. Мила Кликер,

    Никогаш човек не знае каква му е среќата. Понекогаш фикцијата (сонот) делува како вистина. Некогаш самата фикција е вистина. А понекогаш и фикцијата е вистинито почудна од вистината која (не) сме ја избрале.

    Си се запрашала ли што значи онаа поговорката:,,И да видам, да не верувам”.

    Со успех на конкурсот. 🙂

  4. Бунка,

    одговорот е да. Секој од нас во текот на својот живот налетува на по еден Гандалф. 🙂

  5. Рибаро,

    сликата е тука само за да создаде алузија. Поентата на текстот е сосема поинаква. Can you catch your dreams? 🙂

  6. Здраво живо френдице.
    Чеј сеа: “Што значи тоа јавна особа”? – Во права етичка и морална смисла на зборот те прашувам.
    Јас знам дека постојат јавно училиште, jaвен ресторан, јавна куќа и да речеме јавно wc.
    А, сега, како може една особа да стане Јавна?
    Што значи тоа:
    дека јас можам да се послужам со твоите чувстава, емоции, со твојата интима, твоите фамилијарни слики, твојата спаваќица, твојата банјарка, твојата четкица за заби??? (…)?
    Не ми е јасно. А, ако има јавна особа тогаш дали може јас таа манекенка, фимски режисер или глумец или сл. да ја заменам за нешто покорисно?
    Поздравче,
    Н.

Leave a Reply to Бунка

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име