[youtube]Ff8i71FWniA[/youtube]
За оние кои ќе помислат дека се работи за автентични снимки во спотот, треба да се напомене дека дел од кадрите на песната ,,Ѓердан” од Васко Серафимов (во која госува и Момчило Бајагиќ – Бајага) се снимени на Самоиловата тврдина и во Античкиот Театар во Охрид, дел во МНТ, а се режирани и монтирани од уметникот Киро Урдин. Можеби оваа песна не е најдобар репрезент на миксот од современи звуци и етно мелос како што тоа на свој начин го прават на пример Синтезис (1,2,3,4) или Баклава (1,2), но е секако добар обид дел од традицијата на македонскиот народ која ја носи во својот генетски код, да биде сместен во неколку минутна музика.Мене вака спакувана ми се допаѓа. Презентирајќи на овој начин дел од богатото македонско традиционално духовно и материјално богатство имаме големи шанси да останеме запишани во разноликиот свет на народите. Зошто како што стојат работите, се уште важи онаа Орвеловата позната парола: ,,Сите народи се еднакви, ама некои народи се поеднакви од другите“. Епа ние во моментов спаѓаме во оние помалку еднаквите.
[…] the post is available in Macedonian […]