Home Археологија Семинар за 3D моделирање во археологијата и културното наследство со можност за...

Семинар за 3D моделирање во археологијата и културното наследство со можност за стипендии

2,118 views
0

 

На сите заинтересирани би сакала да им го свртам вниманието кон Интернационалната школа за Археологија и Културно наследство која следната 2008 г. во Мај во Аскона, Швајцарија, ќе организира семинар за 3D моделирање во археологијата и културното наследство Организација која стои зад овој заеднички проект е дело на: ETH Zurich, University of SIENA, Италија, Research center FBK од Тренто, Италија и University of California Merced.

Оваа школа им овозможува на сите учесници да се соочат со проблемите на модерната технологија и културното наследство, со тоа што им обезбедува детален увид во основните методи и апликации кои би можеле да се применат во археологијата и конзерватоските зафати. Оваа школа исто така им дава шанса на сите партиципанти за многу кратко време да навлезат во научните дискусии за 3D технологиите кои се применуваат во археологијата, од типот на: проспекциски методи, документација, менаџирање со податоци и нивна интерпретација и др.

Школата е отворена за 60 партиципанти од оние кои се на пост-докторски студии, специјалитички истражувања па се до студенти, а формуларот за регистрација набрзо ќе биде објавен on line. Крајниот рок за регистрација е 31 Март, 2008.

Цената за оние кои ќе си платат за да научат е навистина малку солена за нашите студенти и колеги, но понекогаш навистина не треба да се гледа колку ќе се даде, ако се знае што се може за возврат да се добие од тоа. Во секој случај имајќи го во предвид профилот на луѓе кои би можеле да се пријават на овој семинар (посебно на заинтересираните кои доаѓаат од Југоисточна Европа)  UNESCO and ISPRS ќе обезбедат грантови за студенти чиј буџет е лимитиран и не можат да ги покријат патните трошоци.

Доколку некој има дополнителни прашања, слободно може да се обрати на контактот info@3darchaeology.org .

Јас се уште не сум корисник на Линукс, ама сум приврзаник на мотото ,,Сподели знаење“. Па драги читатели, на вас е да споделите знаење, а богами и информација. За еден подобар свет.

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот strumjan. За статијата можете да гласате тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here