Истото типче што го сработи клипот од мојот предходен пост, на 3-ти април премиерно ќе има прикажување на неговиот краток филм – ,,Желбата на Фатмире“. Главна улога во филмот ја игра Фатмире Фека, девојка од Митровица кандидирана за Нобелова награда за мир со само 17 години. Со оглед на тоа што го следевме на неговиот блог храброто патешествие кое го помина во Косово за да го создаде ова, би рекла ,,недоволно запазено дело” во блогосверата, му посакувам успех во Франција. Ама после тоа да не го дигне носето. 🙂
Ќе заборавев. Клипчето со моите слики му беше за домашно.